Се случи една вечер

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Се случи една вечер“
Се случи една вечер - плакат.jpg
Филмскиот плакат
Режирано од Френк Капра
Продуцент Френк Капра
Хери Кон
Настапуваат Кларк Гејбл
Клодет Колберт
Валтер Коноли
Музика Хауард Џексон
Луис Силверс
Кинематографија Џозеф Вокер
Монтажа Џин Хевлик
Дистрибутер Columbia Pictures
Премиера февруари 22 1934 (1934-02-22)[1]
Времетраење 105 минути
Држава Flag of the United States.svg САД
Јазик Англиски
Буџет $325,000
Бруто заработка $2,500,000[2]
$2,000,000 (ренти)

Се случи една вечер е американски филм, романтична комедија, од 1934 со елементи на ексцентрична комедија, режиран од Френк Капра. Во филмот, разгалена девојка (Клодет Колберт) се обидува да се осамостои и се заљубува во новинар (Кларк Гејбл). Приказната е засновата на кратката приказна „Ноќен автобус“ од Семјуел Хопкинс Адамс, издадена во август, 1933. Се случи една вечер била една од последните романтични комедии направени пред филмското здужение на САД да започне со спроведувањето на продуцентскиот код во 1930. И порај насловот, дејствието во филмот се одвива неколку вечери.

Овој филм бил првиот кој ги освоил петте големи академски награди (најдобар филм, директор, актер, актерка и сценарио), комбинација од награди која не била повторно освоена се до 1975 кога филмот „Лет над кукавичјото гнездо“ ги освоил истите пет, а подоцна истото го постигнал и филмот Кога јагнињата ќе стивнат во 1991. Во 1993, „Се случи една вечер“ бил одбран за да биде зачуван во националниот филмски регистар на САД како „културолошки, историски или естетски значаен“.[3]

Академски награди[уреди]

Филмот ги освоил сите пет награди за кои и бил номиниран:

Награда Резултат Победник
Најдобар филм Победничка „Columbia Pictures“ (Френк Капра и Хери Кон)
Најдобар режисер Победничка Френк Капра
Најдобар актер Победничка Кларк Гејбл
Најдобра актерка Победничка Клодет Колберт
Најдобро сценарио, адаптација Победничка Роберт Рискин

Наводи[уреди]

  1. Браун 1995, стр. 118.
  2. "Бокс Офис информации - „Се случи една вечер“. Бројките. Проверено на 12 април, 2012.
  3. „Национален филмски регистар“. Library of Congress, 28 октомври, 2011.