Сѐ за Ева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Сѐ за Ева“
Сѐ за Ева - плакат.jpeg
Филмскиот плакат
Режирано од Џозеф Л. Манкевиц
Продуцент Дерил Ф. Занук
Сценарист Џозеф Л. Манкевиц
Настапуваат Бети Дејвис
Ен Бакстер
Џорџ Сандерс
Селест Холм
Музика Алфред Њумен
Кинематографија Милтон Р. Краснер
Монтажа Барбара Меклин
Дистрибутер 20th Century Fox
Премиера октомври 13 1950 (1950-10-13)
Времетраење 138 минути
Држава Flag of the United States.svg САД
Јазик Англиски
Бруто заработка $2.9 милиони (ренти во САД)[1]

Сѐ за Ева (анг. „All About Eve“) е американски драма филм од 1950, режиран од Џозеф Л. Манкевиц. Во главната улога глуми Бети Дејвис која тогаш била една од најголемите филмски ѕвезди.[2] Во филмот се обработува приказна за угледна бродвејска ѕвезда, Марго Ченинг, која одлучува да и помогне на една од своите најголемите обожавателки, Ева Харингтон.[3] Ченинг ја вработила Ева во одделот за односи со јавноста и накратко потоа обожавателката започнала да ѝ се меша во приватниот живот на глумицата и сериозно да ѝ ја загрозува кариерата и односите со пријателите.[3]

„Сѐ за Ева“ добил голем број на позитивни критики и бил номиниран за четиринаесет [Филмска награда на академијата на САД|оскари]] (од кои освоила шест), па сè до 1997, кога филмот Титаник го надминал, бил рекордер во бројот на номинации за оваа награда. Американскиот филмски институт го сместил во листата на „100 најдобри филмови на сите времиња“,[4] а САД го ставиле под заштита во конгресната библиотека како културно национално богатство.

По неговото издавање филмот имал големо влијание во модерната уметност.[5] Многу сцени од овој филм се инспирација за актери и режисери, а Марго Ченинг станала предмет на имитација и еден од омилените ликови на маскенбалите.[6] И по шест децении неговата популарност кај геј популацијата не опаднала, а современите критичари и уметнички историчари се обидувале да произлезат со објаснување за овој феномен.[7] Како најдобар филм во кариерата на Бети Дејвис, таа има култен статус во круговите на машката геј популација.[7]


Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Аудио во живо