Мост на реката Квај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Мост на реката Квај“
Мост на реката Кваи - плакат.jpg
Филмскиот плакат
Режирано од Дејвид Лин
Продуцент Сем Спигел
Настапуваат Вилијам Холден
Џек Хокинс
Алек Гајнес
Сесју Хаикава
Џејмс Доналд
Џофри Хорн
Музика Малколм Арнолд
Кинематографија Џек Хилдјард
Монтажа Питер Тејлор
Дистрибутер Columbia Pictures
Премиера 2 октомври 1957 (1957-10-02)
Времетраење 161 минута
Држава  Велика Британија
Јазик Англиски
Буџет $3 милиони (проц.)
Бруто заработка $33.3 милиони (во САД)

Мост на реката Квај (англиски: The Bridge on the River Kwai) — британски воен филм од 1957 г. кој се заснова на романот „Мостот преку реката Квај“ од францускиот писател Пјер Боли, каде се обработува изградбата на мостот на Бурманската железница преку реката Квејај (тука „Квај“). Режисер на филмот бил Дејвид Лин. Главните улоги во филмот ги толкуваат Вилијам Холден, Џек Хокинс, Алек Гајнес и Сесју Хаикава. Филмот билм снимен во Цејлон (денес Шри Ланка).

„Мост на реката Квај“ добил седум оскари (вклучувајќи ја и наградата оскар за најдобар филм) на 30-то доделување на академски награди и во 1997 г. бил ставен под заштита во Конгресната библиотека како културолошки, историски или естетски значаен.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]