Ребека
| „Ребека“ | |
Филмскиот плакат |
|
| Режирано од | Алфред Хичкок |
|---|---|
| Продуцент | Дејвид О. Селзник |
| Раскажувач | Џоен Фонтејн |
| Настапуваат | Лоренс Оливиер Џоен Фонтејн Џудит Андерсон |
| Музика | Гранц Ваксмен |
| Кинематографија | Џорџ Барнс |
| Монтажа | В. Дон Хејс |
| Студио | „Selznick International Pictures“ |
| Дистрибутер | „United Artists“ |
| Премиера | април 12, 1940 |
| Времетраење | 130 минути |
| Држава | |
| Јазик | Англиски |
| Буџет | $1,288,000 |
Ребека е психолошко-драматичен трилер од 1940, режиран од Алфред Хичкок како прв негов американски проект, а и прв негов филм продуциран со договорот со Дејвид О. Селзник. Сценариото на филмот е адаптирано од Џоен Харисон и Роберт И. Шервуд според истоимената новела на Филип Мекдоналд и Мичел Хоган од 1938.[1] Во улогите се вклучени Лоренс Оливиер како аристократски вдовец по име Максим де Винтер, Џоен Фонтејн како негова втора жена и Џудит Андерсон како куќна помошничка по име госпоѓа Денверс.
Овој филм е готска приказна за бавната меморија на насловниот карактер, смртта на жената на Максим де Винтер која продолжува да го прогонува Максим, неговата нова невеста и госпоѓата Денверс. Филмот освоил два оскари меѓу кои и оскар за најдобар филм (од вкупно 11 номинации). Оливер, Фонтејн и Андерсон биле номинирани за оскар за нивните поединечни улоги. По вклучувањето на наградата оскар за најдобар актер во споредна улога, ова е единствениот филм кој освоил оскар за најдобар филм, но не и оскар за глума, режирање или сценарио.
Овој филм бил прв пуштен на првиот Берлински интернационален филмски фестивал во 1951.[2]

