Рене Зелвегер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рене Зелвегер
Зелвегер во 2009 година
Роден(а)Рене Катлин Зелвегер
25 април 1969(1969-04-25)(54 г.)
Кејти, Тексас, САД
ЗанимањеГлумица, продуцент
Активен период1992–сè уште

Рене Катлин Зелвегер (роден 25 април 1969 г.) — американска глумица и продуцент.

Првата голема филмска улога Зелвегер ја добила во хорор продолжението Тексашки масакр со моторна пила: Наредната генерација (1994), а потоа привлекла пошироко внимание во спортската драма Џери Магвајер (1996). За изведбата во комедијата Сестра Бети (2000), таа била наградена со Златен глобус за најдобра глумица во мјузикл или комедија. Таа потоа глумела во романтичната комедија Дневникот на Бриџит Џонс (2001), улога за која добила номинации за Оскар и БАФТА за најдобра глумица. За изведбата во мјузиклот Чикаго (2002), таа по вторпат добила номинација за Оскар за најдобра глумица и по вторпат добила Златен глобус.

Таа добила Оскар, БАФТА награда и трет Златен глобус за најдобра споредна глумица за нејзината изведба во епската воена драма Студена планина (2003). Подоцна таа ја повторила улогата на Бриџит Џонс во продолжението Бриџит Џонс: На ивица на разумот (2004), глумела во драмата Пепелашко (2005), и ја толкувала Беатрикс Потер во биографскиот филм Госпоѓица Потер (2006).[1] Откако направила шестгодишна пауза во кариерата, Зелвегер се вратила успешно на филмското платно во 2016 година, играјќи ја повторно улогата на Бриџит Џонс во романтичната комедија Бебето на Бриџит Џонс.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Год. Филм Улога Белешка
1992 Вкус за убивање Мери Лу ТВ филм
1993 Убиство во провинцијата Барбара фон Буш ТВ филм
Ошеметени и збунети Неси Вајт Мала улога
1994 Реалноста гриза Тами
8 секунди Прескот Бакл Бани
Shake, Rattle and Rock! Сузан Дојл ТВ филм
Љубов и калибар 45 Старлин Читенм
Rebel Highway Сузан
Тексашки масакр со моторна пила: Наредната генерација Џени
1995 Empire Records Џина
The Low Life Poet
1996 The Whole Wide World Новалајн Прајс
Џери Магвајер Дороти Бојд
1997 Deceiver Елизабет
1998 A Price Above Rubies Соња Хоровиц
Единствена вистина Елен Галден
1999 The Bachelor Ен Арден
2000 Сестра Бети Бети Сајзмор
Јас, мене и Ирена Ирена П. Ватерс
2001 Дневникот на Бриџит Џонс Бриџит Џонс
2002 Бел олеандер Клер Ричардс
Чикаго Рокси Харт
2003 Down with Love Барбара Новак
Студена планина Раби Туис
2004 Приказна за ајкулата Енџи Гласовна улога
Бриџит Џонс: На ивица на разумот Бриџит Џонс
2005 Пепелашко Меи Бредок
2006 Госпоѓица Потер Беатрис Потер
2007 Филм за пчелата Венеса Блум Гласовна улога
2008 Валкана игра Лекси Литлтон
Апалуза Ели Френч
2009 Нова во градот Луси Хил
Чудовишта против вонземјани Кети Гласовна улога
Моја една и единствена Ен Деверо
2010 Случај 39 Емили Џенкинс
Мојата сопствена љубовна песна Jane
2016 Целата вистина Лорета
Бебето на Бриџит Џонс Бриџит Џонс
2017 Same Kind of Different as Me Дебора Хал Постпродукција

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Profile - Renée Zellweger and Ewan McGregor,“. The Seattle Times. 3 January 2007.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]