Ел Пасо (Тексас)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ел Пасо

Ел Пасо е седиштето на округот Ел Пасо во американската сојузна држава Тексас. Се наоѓа во југозападот на земјата. Според пописот од 2020, градот има 678,815 жители[1]. Тој е шестиот најголем град во Тексас и 21 најголем град во САД. Округот Ел Пасо брои 736,310 жители.

Ел Пасо се наоѓа на брегот на реката Рио Гранде, наспроти градот Хуарез кој е од другата страна на границата, во Мексико. Двата града формираат двонационална метрополитенска област со околу 2,280,782 жители.

Ел Пасо е дом на Универзитетот во Тексас при Ел Пасо. Форт Блис, поголема инсталација на Армијата на САД, лежи на истокот и североистокот од градот. Френклиновите Планини се протегаат во Ел Пасо од север и речиси го делат градот на два дела.

Историја[уреди | уреди извор]

Археолошките докази во местата Кистоун и Хуеко Тенкс укажуваат на постоење на населба во регионот на Ел Пасо која постоела илјадници години (видете: Моголонска култура). Манзо, Сума и Јумано Индијанците биле откриени од најраните шпански истражувачи. Овие луѓе се асимилирале во локалните дојденски народи, станувајќи дел од Местицо културата која е превалентна во Мексико и делумно во југозападот на САД. Други, пак, се смешале со различните групи на Мескалеро Апачи кои талкале со години низ овој регион.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „QuickFacts: El Paso city, Texas“. United States Census Bureau. Посетено на 21 August 2021.