Денвер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Денвер гледан од Градскиот парк за време на летен џез фестивал.

Денвер (англиски: Denver) е главниот и најнаселениот град на американската држава Колорадо. Денвер се наоѓа во долината на реката Саут Плат на Високите Рамнини, источно од Карпестите Планини. Центарот на Денвер е лоциран источно од спојот на реките Чери Крик и Саут Плат, на околу 24 km источно од Карпестите Планини. Прекарот на Денвер е The Mile-High City („Градот висок една милја“), бидејќи неговата надморска височина е точно една милја (приближно 1.609 м).

Според некои податоци, во 2006 Градот и Округот Денвер имале 566 974 жители, и со тоа е 27-ми најнаселен град во САД.

Втор најголем град во Колорадо е Колорадо Спрингс, веднаш по Денвер.