Портланд (Орегон)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Портланд
City of Portland
Поглед кон центарот на Портланд, спроти реката Виламет
Поглед кон центарот на Портланд, спроти реката Виламет
Официјално знаме на Портланд
Знаме
Официјален грб на Портланд
Грб
Mестоположба
Mестоположбата на Портланд
Местоположба на градот во рамките на округот Малтнома во Орегон.
Координати

Erioll world.svg 45°°31′′12″″, 122°°40′′55″″

Часовен појас ПСВЗ
Општи податоци
Име
- официјално
- изворно
Портланд
  Град Портланд
  City of Portland
Прекар Rose City (град на розите)
Прво доселување 1845
Основан 8 февруари 1851
Поштенски број 97086-97299
Повикувачки број 503/971
Портал www.portlandonline.com
Управа
Земја САД
Сојузна држава Орегон
Окрузи Малтнома, Вашингтон, Клакамас
Градоначалник Сем Адамс
Географија
Површина
- копно
- вода
376.5 km²
347.9
28.6
Надморска височина 15.2 m
Население
Население 557.706 (2008)
Густина 1.655.31 ж./km² (2008)

Портланд (англиски: Portland) е град во северозападни САД во сојузната држава Орегон, каде е и најголем град. Градот се наоѓа на спојот на реките Виламет и Колумбија. Според пописот во 2008 година, Портланд имал население од 557.706 жители што го прави 30- ти најголем град во САД.[1] Често градот се именува како најпријателски и најчист т.е. најзелен град во САД, а воедно и втор таков град во светот.[2] Тој е најнаселен град во Орегон, и трет најнаселен град во Пацифичкиот северозападен регион, веднаш после Ванкувер во Канада и Сиетл во Вашингтон. Во Метрополитенската област Портланд, која е 23- та по големина во САД, живеат околу два милиони луѓе. [3]

Градот бил инкорпориран во 1851 година и поставен за центар на округот Малтнома. Градот малку зафаќа и од окрузите Вашингтон на запад и Клакамас на југ. На чело на управата на градот се наоѓа градоначалникот и советот. Климата во Портланд е приморска, со топли и суви лета и дождливи зими. Климата е идеална за одгледување рози, и повеќе од еден век Портланд е познат како „Град на Розите“ или на англиски „The City of Roses“.[4][5].

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Портланд (Орегон).

Своите почетоци Портланд ги бележи како место кое било нарекувано „чистењето“, [6] место кое било на пола пат од Орегон Сити и Форт Ванкувер. Во 1843 година, Вилијам Овертон забележал дека местото има големи коменрцијални капацитети и потенцијали на земјата, но немал документи за посед на земја. Тој склопил договор со неговиот Аса Лавџој во Бостон каде за четврт долар ќе биде во можност да користи 2.6 километри квадратни земјиште. Подоцна Овертон го продал својот дел на Франсис Петигров од Портланд во Мејн. Петигров и Лавџој посакале новиот град да се нарекува Портланд, по неговиот роден град.[7] Името се одлучило со фрлање на паричка во кој добил Франсис и денес во Портланд позната е Портландската паричка, дел од симболот на Историското друштво на Портланд.

За време на инкорпорацијата на 8 февруари 1851 година, Портланд имал 800 жители,[8] мелница на пареа, хотел и весник Oregonian. До 1879 година, бројот на населението израснало до 17.500 жители.[9] Градот се споил со Албина и Источен Портланд во 1891 година и со Линтон и Сент Џонс во 1915.

Прекари[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Прекари на Портланд (Орегон).

Најчестиот прекар на Портланд е „Градот на Розите“ (The City of Roses)[10] кој во 2003 година станал официјален прекар на градот[11]. Покрај овој прекар се користат и прекарите: „град-пенушка“ (Stumptown)[12], „град-мост“ (Bridgetown)[13] и сл.

Збратимени градови[уреди]

Портланд е збратимен со следните градови:[14]

Исто така градот има пријателски договор со:

Галерија[уреди]

Понатамошно читање[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Table 1: Annual Estimates of the Population for Incorporated Places Over 100,000, Ranked by 1 јули, 2008 Population: 1 април, 2000 to 1 јули, 2008“ (CSV). „2008 Population Estimates“. United States Census Bureau, Population Division. 1 јули 2009. http://www.census.gov/popest/cities/tables/SUB-EST2008-01.csv. конс. 1 јули 2009. 
  2. Kate Sheppard (19 јули 2007). „15 Green Cities“. Environmental News and Commentary. http://www.grist.org/news/maindish/2007/07/19/cities/. конс. 8 јули 2008. 
  3. „JULY 1, 2006 Population estimates for Metropolitan Combined Statistical Areas“ (csv). U.S. Census Bureau. http://www.census.gov/population/www/estimates/metro_general/2006/CBSA-EST2006-01.csv. конс. 19 октомври 2007. 
  4. „Portland, Oregon: Green City of Roses | Frommers.com“. Frommers.com. http://www.frommers.com/articles/1721.html. конс. 20 октомври 2008. 
  5. „Portland - MSN Encarta“. Encarta.msn.com. http://encarta.msn.com/encyclopedia_761561539/portland.html. конс. 20 октомври 2008. 
  6. Orloff, Chet (2004). „Maintaining Eden: John Charles Olmsted and the Portland Park System“. „Yearbook of the Association of Pacific Coast Geographers“ 66: 114–119. doi:10.1353/pcg.2004.0006. 
  7. „Portland: The Town that was Almost Boston“. Portland Oregon Visitors Association. http://www.travelportland.com/media/history.html. конс. 18 ноември 2006. 
  8. Gibson, Campbell (June 1998). Population of the 100 Largest Cities and Other Urban Places in the United States: 1790 to 1990. U.S. Bureau of the Census - Population Division.
  9. Loy, William G.; Stuart Allan, Aileen R. Buckley, James E. Meecham (2001). „Atlas of Oregon“. University of Oregon Press. стр. 32–33. ISBN 0-87114-102-7. 
  10. City Flower. City of Portland Auditor's Office - City Recorder Division.
  11. Stern, Henry (19 јуни, 2003). "Name comes up roses for P-town: City Council sees no thorns in picking ‘City of Roses’ as Portland's moniker". The Oregonian.
  12. „From Robin's Nest to Stumptown“. End of the Oregon Trail Interpretive Center. http://www.endoftheoregontrail.org/road2oregon/sa33pdx.html. конс. 7 ноември 2006. 
  13. „The Water“. Portland State University. http://www.pdx.edu/water.html. конс. 7 ноември 2006. 
  14. „About Portland's Sister Cities“. Office of Mayor Sam Adams. http://portlandonline.com/mayor/index.cfm?c=49918. конс. 18 март 2009. 
  15. About the Sister City Program

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]