Ну, погоди!
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Ну, погоди! | |
Најавната слика на епизода бр. 19 Од лево на десно: Зајакот и Волкот. |
|
| Формат | Краткометражен цртан филм |
|---|---|
| Создадена од | Феликс Камов Аркадиј Хајт Александар Курлјандски |
| Режирана од | Вјачеслав Котјоночкин Владимир Тарасов Алексеј Котјоночкин |
| Земја на потекло | |
| Јазик | руски |
| Број на епизоди | 20 (Листа на епизоди) |
| Продукција | |
| Времетраење | 10 minutes approx. |
| Емитување | |
| Емитување | 1 јануари 1969 – денес |
Ну, погоди́! (во превод: Само почекај!) е советски и руски цртан филм. Тоа е еден од најпознатите и најуспешни анимирани серијали на советската кинематографија. Серијалот доживува огромна популарност во земјите на Источниот Блок, вклучително и во Македонија. Се емитува во периодот од 1969 до денес.
Содржина |
Ликови[уреди]
Главни ликови во филмот се Зајакот (руски Заяц) и Волкот (руски Волк). Тие се олицетворени на стереотипот: плен - гонител кон кој е придодаден уште еден друг стереотип: пленот секогаш успева да се извлече.
Зајакот е претставен како позитивен лик, иако има „чудни“ методи со кои му се спротивставува на Волкот. Всушност (имајќи ја в предвид образовната функција на филмот), Зајакот ги претставува нормалните (недевијантни) елементи на општеството, оние кои уредно и корисно го живеат својот живот. Бидејќи на добро смислените напади на Волкот реагира речиси механички, симпатиите на гледачите се многу често приклонети не кон Зајакот, туку кон Волкот.
Волкот пак, е претставен како деструктивен и антисоцијален тип кој не бира средства и методи да ја постигне својата цел. Како и да е, Волкот поседува и некои префинети особини: одлично свири гитара, танцува, лизга, па дури умее да вози и мотоцикл, што го иззема од светот на „обичните“ хулигани. Има добро смислени планови, но неговата непромисленост и несмасност на крајот секогаш му се враќаат двојно. Токму заради ваквото страдање успева да ги придобие симпатиите на гледачите.
Епизоди[уреди]
- Во град и на плажа (1969)
- Во градскиот парк (1970)
- На пат (1971)
- На стадион (1971)
- Во градот (1972)
- На село (1973)
- На брод (1973)
- Нова Година (1974)
- Во телевизиско студио (1976)
- На градилиште (1976)
- Во циркус (1977)
- Во музеј (1978)
- Олимпијада '80 (1980)
- Во Домот на техниката (1984)
- Во Домот на културата (1985)
- Во светот на сказните (1986)
- На остров (1993, издадена во 1994)
- Во супермаркет (1993, издадена во 1995)
- Во одморалиште (2005)
- На дача (2005)
Видете исто така[уреди]
Извори[уреди]
- Сергеј Капков. Алексей Котеночкин: "Отец никогда не делал фильмов с фигой в кармане". "Газета" бр.109 од 20.06.2007
