Бартоломео Растрели

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај


Бартоломео Растрели

Портрет на Бартоломео растрели насликан од Лукас Конрад Фанцелт
Родено име Франческо Бартоломео Растрели
Роден 1700
Париз
Починал 29 април, 1771 (на 70–71 г.)
Санкт Петербург
Националност Италијанец, Русин
Поле архитектура
Правец Барок
Дела Зимски дворец
Смолински дворец
Катерински дворец
Андреевска црква

Франческо Бартоломео Растрели (1700 - 29 април 1771) бил руски архитект со италијанско потекло. Тој развил лесно препознатлив доцнобарокен стил на раскошна и величествена архитектура.

Како син на познатиот скулптор и архитект, Карло Растрели, лесно се стекнал со соодветното образование. Во своите дела ги соединувал елементите од европскиот барок со елементи од традиционалната руска архитектура, пред сè карактеристични за наришкинскиот стил, како камбанарии, покриви и обоени делови. Неговите главни дела како Зимскиот дворец во Санкт Петербург и Катеринскиот дворец во Царское Село, се познати по својата екстравагантен ракошност и изобилство на украси.

Содржина

[уреди] Биографија

Бартоломео се родил во Париз во семејството на Карло Растрели, кој бил скулптор и архитект. Во Русија се преселил во 1716 година, кога татко му бил повикан од страна на царот Петар I да учествува во изградбата на царскиот дворец. Во младоста од татка си го примил соодветното образпвание, а неговата амбиција била да ги комбинира најновите италијански моди со традициите на московскиот барокен стил. Првата важна нарачка ја примил во 1721 која била дворец за принцот Димитриј Кантемир, некогашен владетел на Молдавија. Во периодот од 1725 до 1730 година, заминал да се образува низ Европа, а особено во Италија.

Растрели бил назначен за главен дворски архитект во 1730. Неговите дела им се допаднале на женските монарси во тоа време, и затоа тој ја задржал оваа функција за време на владеењата на цариците Ана Ивановна и Елисавета Петровна. Така, во тој период ги изградил Рундалскиот и Митавскиот дворец, кои биле изградени за војводата Ернст Јохан Бирон, близок пријател на царицата Ана. Денес, обата дворци се наоѓаат во Латвија.

Врвот во својата кариера го достигнал во времето на Елисавета Петровна, за којашто бил назначен да го изгради Летниот дворец во Санкт Петербург. По него, следувала изградбата на бројни градски дворци и куќи на село, меѓу кои најпознати се Воронцовиот и Строгановскиот дворец. Во периодот од 1747 до 1752 година, Растрели работел на проширување и обновување на Големиот дворец во Петерхоф, а во 1747 година ја направил и скицата на црквата Свети Андреј во Киев, чијашто изградба траела од 1749 до 1755 година. Од тој период, познато е и дека работел на изградбата на Катеринскиот дворец во Царское Село.

Последните и можеби најголеми проекти на Растрели биле Смолинскиот манастир и Зимскиот дворец во Санкт Петербург. Во Смоленскиот манастир, царицата Елисавета требала да го помине остатокот од својот живот, а проектираната камбанарија требала да стане највисоката градба во цела Русија. Смртта на Елисавета во 1762 му оневозможила на Растрели да го заврши овој величествен проект целосно.

Царицата Катерина II не ја сакала барокната архитектура и затоа Растрели се повлекол во Курска, каде ги надгледувал украсувањата на војводските дворци. Своите последни години ги провел тргувајќи со некои италијански продавачи на уметнички дела. Бил избран за член на Империјалната академија на науките неколку месеци пред неговата смрт.

[уреди] Паметници

Во чест на придонесот, во 1923 година неговото име го добил плоштадот пред манастирот Смолни во Санкт Петербург. Неговиот живот и дела биле претставении на филмското платно, со снимање на документарниот филм „Архитектот Растрели“ во 1972 година, во режија на Марија Клигман.

[уреди] Список на дела

[уреди] Галерија на слики

[уреди] Поврзано

[уреди] Белешки

  • а  Дворецот бил срушен во 19. век.
  • б  Дворецот подоцна бил срушен.
  • в  Рундалскиот и Митавскиот дворец биле изградени за војводата Ернст Јохан Бирон, кој ѝ бил интимен пријател на царицата Ана.
  • г  Дворецот бил срушен во 1797 година.
  • д  Црквата била изградена по налог на царицата Елисавета Петровна. Со изградбата раководел познатиот руски архитект, Иван Мичурин.[2]
  • ѓ  Изградбата започнала по налог на царицата Катерина II во 1744 година, а била завршила во 1752 година (споед некои извори 1755[3]). Со изградбата раководел Иван Мичурин. Денес, дворецот претставува церемонијална резиденција на Претседателот на Украина.

[уреди] Наводи

[уреди] Литература

  • Lexikon der Kunst: Malerei, Architektur, Bildhauerkunst в 12 томах. Karl Müller Verlag, Erlangen, 1994.
  • Овсянников Ю. М. (1982). „Франческо Бартоломео Растрелли“. Жизнь в искусстве. Л.: Искусство. Ленингр. отд-ние. стр. 224, [64]. 
  • Кузнецов С. О. История одного фасада Российской империи // Искусствознание. 2000. № 1. стр. 376-399.
  • Кузнецов С. О. Дворец и его архитекторы. (История строительства Строгановского дворца на Невском проспекте Ф.Растрелли, Ж.-Б. Валлен-Деламотом [1].
  • Кузнецов С. О. Пусть Франция поучит нас «танцовать». Создание Строгановского дворца в Петербурге и своеобразие придворной культуры России в первой половине XVIII века. СПб., 2003. — стр. 512 — ISBN 5-303-001090-1.
  • Кузнецов С. О. Дворцы и дома Строгановых. Три века истории. — М-СПб: Центрполиграф, МиМ-Дельта, 2008. — стр. 319 — ISBN 978-5-9524-3471-4.
  • Кузнецов С. О. Строгановский дома: архитектурная история [Ч.I Барокко]// Архитектурное наследство 52. М., 2010. стр. 191-212.

Cornelia Skodock: Barock in Russland. Zum OEuvre des Hofarchitekten Francesco Bartolomeo Rastrelli. Wiesbaden 2006. ISBN 3447053046.

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори
Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици