Куќа на село

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бленхејмски дворец

Во Британија и Ирска, изразот куќа на село (англ. country house) се однесува на голема куќа (дом) која е изградена на земјоделски посед на село како приватна резиденција на земјопоседникот. Речиси сите вакви куќи во Британија и Ирска биле изградени пред 1914.

Дефинирање на куќа на село[уреди | уреди извор]

Куќата на село некогаш била средиштето на земјоделскиот посед кој бил доволно голем за да му овозможи на сопственикот доволен приход за да може да влезе во аристократијата или благородништвото. Во 19 век и пред тоа ова значело дека поседот треба да биде поголем од 1000 акри (4 км²). Некои великопоседници (но само малкумина) поседувале имот повеќе од сто пати поголем од овој минимум, и оваа нееднаквост во рамките на владеачката класа се отсликувала во опсегот на куќите.

Куќата на село била градено во било кој архитектонски стил. Секоја имала најмалку 25 соби и најмалку 740 м² внатрешна површина, вклучувајќи ги и собите за послугата. Постојат разни имиња кои се употребувале кај разни куќи, како „куќа“ (house), „хала“ (hall), „замок“ (castle), „парк“ (park), „дворец“ (palace) , „двор“ (court), „опатија“ (abbey), „приорат“ (priory) или „чифлик“ (grange), и ова често ни кажува нешто за историјата на куќата, особено ако истата датира пред 1800. Од друга страна, името може да било цеосно измислено од сопственикот, особено ако куќата била изградена по 1800. На пример, многу куќи на село кои се наречени „замок“ никогаш не служеле никаква воена улога.

Куќите на село имаат големи терени со градина близу куќата и поголем парк по градината во кој живеат животни, но кој исто така има естетска и рекреациона улога. Многу од најубавите градини во Британија се градини во склоп на куќи на село.

Ваквите куќи обично стојат барем неколку стотини метри раздалечени од други куќи, но може да бидат и блиску до средиштето на некое село, па дури и близу средиштето на некое гратче. (Што поголема е населбата, тоа поголема треба да биде куќата за да може да се смета за „куќа на село“—Алнвишкиот замок е пример за многу голема куќа која се наоѓа во гратче, но генерално се смета за куќа на село.)

Од друга страна, некои големи куќи во Британија кои биле изградени на рурални локации сега се опкружени со населби. Меѓутоа овие сѐ уште се сметаат за куќи на село во некои контексти, особено од историчарите на архитектурата. Сионскиот парк во лондонските населби е еден ваков пример.

Во британија „куќа на село“ не е едноставно куќа во рурално место. Изразот се употребува само за куќи кои се доволно големи за да бидат сметани за резиденции. Постојат неколку типа на помали куќи кои се наоѓаат често по британската рурала, но кои не се „куќи на село“ во тој смисол. Тие можат да бидат куќа на фармакуќи на фарма, куќички, парохии, хмелски сушилници и преправени амбари; секој кој поседува една од ваквите куќи и ја нарекува мојата „куќа на село“ е сметан за екстремно претенциозен човек во Британија.

Поимот достоинственички дом (stately home) е тесноповрзан со поимот „куќа на село“, но нема баш исто значење. „Куќа на село“ е израз кој историчарите на архитектурата и сопствениците на куќите го претпочитаат. Од друга страна, изразот „достоинственички дом“ често се користи по медиумите, од туристичките оператори и од јавноста. Кога некој го употребува изразот „достоинственички дом“, истиот веројатно мисли на некои 10 % од најголемите најграндиозните куќи на село, особено на оние кои се отворени за јавноста. За употребата на поимот „достоинственички дом“ се зборува поподробно во посебна статија. Во оваа статија се употребува поимот „куќа на село“.

Кој и зошто ги изградил куќите[уреди | уреди извор]

Историчарот на архитектурата Марк Жироар вели со својата книга Животот во англиската куќа на село (Life in the English Country House), дека куќите на село во основа биле „погони“ изградени за да ја подобрат можноста на сопствениците да влијаат врз локалната и националната политика. Некои од овие велики куќи, како Кедлстонската хала и Холкамската хала, биле изградени да импресионираат и да го доминираат пејзажот. Исто така треба да се спомене дела не сите кои граделе куќи на село се интересирале за политика, дури и во неформален смисол. Како и да е, куќите на село често служеле како места за среќавање на владеачката класа за дискутирање, на пример, на изборни кампањи. Исто така многу сопственици на куќи на село и членовите на нивните семејства служеле како претседатели на судови и мировни судии, и локалните судови биле сместени во куќите на село дури и во XIX век; овој обичај е остаток од средновековните достојнички судови. Членовите на аристократијата и благородништвото кои поседувале куќи на село продолжиле, но сѐ помалку, да држат високи позиции долго во 20 век. Лордот Карингтон бил веројатно последниот од ваквите аристократи.

Во XIX век, политичката моќ на земјопоседничката класа почнала полека да опаѓа со Големиор реформски закон од 1832, и новата класа на индустријалци полека почнала да го надминува богатството на аристократијата и благородништвото. Многу од иве луѓе купиле или изградиле куќи на село и претходно виталната врска со земјопоседништвото почнала да се губи. Некои куќи на село од доцниот 19-ти и раниот XX век, како Крегсајд, никоаш не биле издржувани од земјоделски посед.

Архитектонската историја на куќата на село[уреди | уреди извор]

Следниве наслови претставуваат група индикација за периоите во архитектонската историја на куќата на село: стиловите не доаѓале и не си оделе во одредени години, а многу поедини куќи еволуирале през многу векови.

Првите куќи на село: пред 1500[уреди | уреди извор]

Бадесли Клинтон

Тудорскиот и јакобинскиот период: 1500–1630[уреди | уреди извор]

Распуштање на манастирите[уреди | уреди извор]

Многу куќи на село во Британија биле всушност преправени црковни имоти на големите опатии и приорати по рапсуштањето на манастирите по указ на Хенри VIII.

Повеќе информации:

Чудесни куќи[уреди | уреди извор]

Формалната куќа:1630–1720[уреди | уреди извор]

Прв паладијански период[уреди | уреди извор]

Повеќе информации:-

Барокната куќа на село[уреди | уреди извор]

Барокниот стил дошол во Анgлија ц. 1680. Додека Сер Кристофер Рен и неговите современици биле повлијаени од барокната архитектура од Европа, првата барокна куќа во Англија вила Чатсвортската куќа од архитектот Ричард Талман за Војводата од Девоншир, изградена през 1690-тите. Овој стил бил набргу развиен од архитекти како Сер Џон Ванбру во стилот наречен Англиски или барок или силот на Кралицата Ана. Веројатно најпознатата барокна куќа во Англија е Бленхајмскиот дворец, завршен во раните 1720-ти. Меѓутоа, највистинскиот пример за барокот во Англија е првата значителна куќа на Ванбру, Хавардскиот замок, започнат во 1699. Барокот никогаш не станал вистински популарен во Англија и во средината на 1720-тите истиот речиси целосно е заменет од движењето за Паладијанска возобнова.

Други англиски барокни куќи:-

Треба да се напомене дека през овој период, многу помалу куќи на село продолжиле да се градат во полудомашни стилови со само минимално барокно влијание.

Класичниот идеал: 1730–1790[уреди | уреди извор]

XVIII век бил период во кој академскиот интерес за архитектурата меѓу владеачките класи бил во својот цут. ВО првите дваесет години од тој век доминирал барокниот стил, но набргу проследиле други големи движења.

Паладијанската куќа на село (втор период)[уреди | уреди извор]

Повеќе информации:-

Неокласичната куќа на село[уреди | уреди извор]

Повеќе информации:-

Готската обнова и еклектицизмот во 19 век[уреди | уреди извор]

Вон Англија[уреди | уреди извор]

Велшката куќа на село се разликувала од англиската само по ситни нешта, но шкотската, ирската и континенталната европска куќа на село се разликувале многу повеќе.

Шкотската куќа на село[уреди | уреди извор]

Ирската куќа на село[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]