Елбрус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Елбрус
Elbrus North 195.jpg
Елбрус
Надм. вис. 5642 м [1]
Истакнатост 4741 мX
Заведена како седум врвови, седум вулкански врвови, највисок во земјата, ултра
Местоположба
Местоположбата на Елбрус во рамките на Кавказ
Место Русија, на границата Европа-Азија
Венец Кавказ
Координати 43°21′18″ СГШ 42°26′21″ ИГД / 
Топокарта Елбрус и Горната Баксанска Долина[2][3]
Геологија
Тип стратовулкан (заспан)
Старост на карпите непозната
Последна ерупција 50 г. ± 50 years[4]
Искачување
Прво освојување (западен врв) 1874, од Ф.К. Гроув, Ф. Гарднер, Х. Вокер, П. Кнубел и водичот А. Сотаев
(понизок врв) 22 јули 1829 од Х. Хачиров
Најлесна патека обично искачување по снег/мраз

Елбрус (осетски: Эльбрус; руски: Эльбрус; карачаевско-балкарски: Минги тау) е заспан вулкан во западниот дел на планинскиот венец Кавказ во Кабардино-Балкарија и Карачаево-Черкесија, Русија, близу границата со Грузија. Врвот на Елбрус е највисок во Кавказ и во Русија, а според некои мислења и во Европа.[5] или највисока во западна Азија, за малку надминувајќи ги венците Демавенд и Алборз во Иран. Елбрус (западниот врв) е висок 5.642 м; а источниот е малку понизок, со височина од 5.621 м.

Етимологија[уреди]

Името „Елбрус“ е метатеза на Алборз,[6] кое пак доаѓа од легендарната планина Хара Березајти во иранската митологија.[6]

Географија[уреди]

Елбрус е сместен 20 км северно од главниот венец Голем Кавказ и 65 км југоисточно од рускиот град Кисловодск. Нејзината ледена покривка се преточува во 22 глечери, кои пак потоа се одлеваат во реките Баксан, Кубањ и Малка.[7]

Елбрус е сместен на тектонско подрачје во движење и се смета дека е поврзан со расед. Длабоко под заспаниот вулкан лежи магма.[8]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. The World Book Encyclopedia—Page 317 by World Book, Inc
  2. Примерок на карта на Елбрус
  3. EWP. Mount Elbrus and Upper Baksan Valley Map and Guide [карта], II издание, 1:50,000 with mountaineering information, EWP Map Guides. Картографија: EWP. (2007) ISBN 978-0-906227-95-4.
  4. „Елбрус: Краток преглед“. „Програм за глобален вулканизам“. Смитсонова установа. http://www.volcano.si.edu/world/volcano.cfm?vnum=0104-01-. конс. 25 февруари 2010.  (англиски)
  5. Географско биро. „Подрачјето на Елбрус“. http://www.geographicbureau.com/trips/caucasus/elbrus_region.jdx. конс. 5 јануари 2010.  (англиски)
  6. 6,0 6,1 Encyclopædia Iranica, "Alborz", W. Eilers
  7. Robin Collomb and Andrew Wielochowski. Caucasus from Elbrus to Kazbek [карта], 1st издание, 1:200,000 with general information, Map Guides. Картографија: EWP. (1993) ISBN 906227-54-2.
  8. Observations of crustal tide strains in the Elbrus area“. „Izvestiya Physics of the Solid Earth“ (MAIK Nauka) 43 (11): 922–930. November 2007. doi:10.1134/S106935130711002X. Bibcode2007IzPSE..43..922M. http://www.springerlink.com/content/48797w21g448x580/. конс. 25 февруари 2010. 
  • Anthony Huxley, Standard Encyclopedia of the World's Mountains (New York: Putnam, 1962)

Надворешни врски[уреди]