Лариса Латинина

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Лариса Латинина во 2000

Лариса Семјоновна Латинина (руски:Лари́са Семёновна Латы́нина) (27 декември 1934 во Херсон) е поранешна советска гимнастичарка која во својата кариера освоила 18 медали на Олимписките игри (9 златни, 5 сребрени и 4 бронзени) што е рекорд којшто се уште никој го нема срушено. Лариса исто така се закитила и со наградите Заслужен мајстор во спорт на СССР во 1956 и Заслужен тренер во спорт на СССР во 1972 година.

Содржина

[уреди] Олимписки игри

Сите рекордни 18 медали Лариса ги освоила на само 3 Олимпијади: 1956, 1960 и 1964.

[уреди] Летни олимписки игри - 1956 во Мелбурн

На Летните олимписки игри - 1956 одржани во Мелбурн, Лариса имала конкуренција во унгарската гимнастичарка Агнеш Келети. Но, Лариса ја победила својата 13 години постара противничка и го освоила златниот медал во комбинација поединечно, а потоа со тимот на Советскиот Сојуз и комбинација тимски. На овие игри Лариса освоила уште 2 злата во прескок и на партер, а освоила и сребро во двовисински разбој и бронза во тимска конкуренција на преносни помагала. Со 6 медали (4 златни, 1 сребрен и 1 бронзен) Лариса Латинина била најуспешна спортистка на игрите во Мелбурн.

[уреди] Летни олимписки игри - 1960 во Рим

Во Рим, продолжила доминацијата на Лариса. На овие Олимписки игри, Лриса ги одбранила Олимписките титули во поединечна и тимска комбинација, а освоила и злато на партер. Лариса се закитила и со 2 сребра во двовисински разбој и греда и со една бронза во прескок. Лариса на игрите освоила 6 медали (3 златни, 2 сребрени и 1 бронзен).

[уреди] Летни олимписки игри - 1964 во Токио

Успесите на Лариса продолжиле и во Токио. На Летните олимписки игри - 1964, нејзини последни, Лариса како и на претходните 2 Олимпијади освоила 6 медали, но овој пат со само 2 златни одличја. Таа трет пат по ред победила во комбинација во тимска конкуренција и на партер, сребро освоила во комбинација поединечни и прескок, а бронза во двовисински разбој и на греда.

[уреди] По славната кариера

Лариса се пензионирала по светското првенство во гимнастика во 1966 година по што станала тренер.

Денес Лариса живее во Јапонија.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици