Фонетика и фонологија на белорускиот јазик

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Белоруски јазик
Беларуская мова
„Белоруска граматика“

современ и класичен

Фонетскиот и фонолошки систем на белорускиот јазик е составен од најмалку 44 фонеми, од кои 5 се самогласки и 39 согласки.

Карактеристики[уреди]

Како дел од источнословенските јазици, белорускиот се разликува од останатите сродни јазици по:[1]

  • така нареченото „акање“ (белоруски: аканне) – односно изговорот на неакцентирани /o/ и /a/ како јасна отворена предна незаоблена [a]. Руското [a] се појавува по /j/. Сепак нема јасна разлика во јотираните /ja/, /jo/, /je/ и /ji/.[2]
  • така нареченото „ѕекање“ (белоруски: дзеканне) – изговорот на староисточнословенското /dʲ/ како [dzʲ].
  • така нареченото „цекање“ (белоруски: цеканне) – изговорот на староисточнословенското /tʲ/ како [tsʲ].
  • силна палатизација на /sʲ/ и /zʲ/.
  • посталвеоларните согласки се сите тврди.
  • /rʲ/ се зацврстил и преминал во /r/.
  • [j] и [w] се сметаат за полусамогласки.[3]

Самогласки[уреди]

белоруски МФА пример
i /i/ лiст ('лист')
э /ɛ/ гэты ('ова')
ы [ɨ] мыш ('глушец')
a /a/ кат ('извршител')
у /u/ шум ('шум, галама')
о /ɔ/ кот ('мачка')

Гласот [ɨ] не се смета за посебен, туку за алофон на /i/ кој се сретнува по непалатизирани согласки.[4]

Согласки[уреди]

Согласките во белорускиот се:[5]

усни забни/алвеоларни посталвеоларни меконепчени
тврда мека тврда мека мека тврда
носни m n̪ʲ    
експлозивни p b (ɡʲ) k (ɡ)
африкативни t̪s̪ d̪z̪ t̪s̪ʲ d̪z̪ʲ
фрикативни f v s z ʃ ʒ ɣʲ x ɣ
вевни r
апроксимантни l̪ʲ   j (w)

Белешки[уреди]

  1. Sussex & Cubberly (2006:53)
  2. Padluzhny (1989:53)
  3. Padluzhny (1989:54)
  4. Mayo (2002:890)
  5. Mayo (2002:891)

Наводи[уреди]

Поврзано[уреди]