Албански Македонци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Македонци во Албанија
Makedoncite vo Albanija.JPG
Кимет Фетаху  · Едмонд Темелко
Вкупно население
5.512 [1]
неофицијално 180.000[2][3]
Региони со значително население
Мала Преспа, Голо Брдо
Јазик

македонски

Религија

православие, ислам

Сродни народи
Етничко знаме на македонците

Дел од серијалот на статии за
Македонци

Култура
Книжевност · Уметност
Фолклор · Музика · Носии
Кино · Кујна · Спорт
· Архитектура

Историја
Национална преродба
Н.О.Б. (1941-1944)
Н.О.Ф. (1945-1949)

Државност
АСНОМ
Н.Р. Македонија (1944-1991)
Р. Македонија (од 1991)

Распространетост
Албанија · Бугарија
Грција · Србија
Македонска дијаспора

Тематски
Православна Црква
Македонци муслимани
Македонски јазик

Македонците во Албанија или Албански Македонци се признаено народно малцинство [4][5]. Во пописот на населението од 1989 година, 4.697 луѓе се определиле како Македонци.[6] Најголеми привилегии како малцинство уживаат Македонците во општина Преспа, каде што претставуват 99% од населението и го користат мајчиниот јазик, како признаен малцински јазик во Албанија.[7] Сепак македонските организации од Албанија предупредуват, дека бројот на Македонците во Албанија е потценет и дека немаат сопствени претставници во албанските власти и парламент.[8] Луѓето кои се определиле како Македонци надвор од регионот на Мала Преспа, немаат статус на малцинство и малцински права.[9]

Население[уреди]

Најголемиот дел на Македонците во Албанија живеат во Мала Преспа и Голо Брдо. Областа се наоѓа западно од Охридското и Преспанското Езеро во Република Албанија и е дел од македонскиот регион[10]. Македонците претставуват мнозинство во селата: Лајтиже, Пустец, Зрновско, Церја, Шулин, Глубочани, Долна Горица, Безмишти in Горна Горица.

Административно тие краишта ја сочинуваат Мала Преспа. Центар на регионот е селото Пустец. Селата Прогун, Ракитско, Суец, Заградец и Врбник, исто така се населени со Македонци и ја претставуваат општината Девол.[11]

Населението во областа Гора се во голем дел Македонци со исламска вероисповед (Торбеши), нивниот број вкупно со Косовскиот регион Гора, се претпоставува дека е од 40.000 до 120.000 луѓе.[12]

Иако поради тешката економска состојба голем број од населението се иселувало, статистиката покажува дека бројот на Македонците во Албанија во последните 50 години се удвоил.

Вероисповед[уреди]

Области во Албанија каде живее македонското малцинство (виолетово).

Според религиозното определување Македонците во Албанија се православни или муслимани. Торбешите се со исламска вероисповед и ја населуваат покраината Гора, додека православните Македонци ги населуваат покраините Мала Преспа и Голо Брдо. Православните Македонци се под јурисдикција на Албанската црква, додека нивното општество ја завршува изградбата на една од повеќето започнати цркви, кои се под јурисдикција на Македонската црква (МПЦ).[13][14] Во 2000 година започнаа со изградбата на црквата Св.Арангел Михаил, додека црквата на Пресвета Богородица во целосно је финансира МПЦ.[15]

Стопанство[уреди]

Територијата на која живеат Македонците е еден од најсиромашните предели во Албанија. Населението се занимава со риболов, земјоделие и сточарство. По промената на власта во Албанија и отворањето на границите, дел од населението се пренасочува кон трговијата. Лошата патна инфраструктура е главната причина за слабиот економски развој на овие простори. Политичките ветувања на градоначалниците биле изградба на асфалтирани патишта до граничниот премин Стење, кој би ја поврзал областа со Република Македонија, во која голем број луѓе имаат извор на парични приходи. [16]

Наука и медиуми[уреди]

Пустец е едно од најголемите населени места каде што живеат Македонци

Македонците располагаат со една радиостаница во Албанија и имаат овозможено емитување на програм на македонски јазик. Радио Преспа е создадено во ноември 2000 и е во македонска сопственост. Емитува програм само на македонски јазик, додека радио Корча, емитува програм на македонски секој ден по половина час за македонското малцинство.[17] Локалната ТВ станица овозможува емитување на програми од Македонија.[18] Создадени беа и повеќе печатени медиуми, који поради финансиски причини брзо пропаднаа. Во моментот има само еден печатен весник, неделникот Преспа, кој се печати за Македонците во Албанија.[19]

На Македонците им е овозможено школуванје во неколкумина училишта, каде шо наставата се одржува 20% на македонски јазик. Имаат средно училиште во Пустец, едно основно училиште во Долна Горица, шест основни училишта во селата: Џелас, Лајтиже, Зарошке, Горна Горица, Каламас и во Глобочани. Сите училишта имаат соработка со Република Македонија, а професорите се од локалните области и имаат соодветно школување.[20][21]

Културни и политички друштва[уреди]

Во 1990 беше создадена политичката партија Братска (Политичка партија на Македонците во Албанија). Споредно беа основании и други друштва како:[22]

Ниту една од македонските партији нема претставник во албанскиот парламент, иако има повеќе македонски претстабници во локалната самоуправа. Градоначелникот на општината Пустец е македонецот Едмонд Вањгел Темелко, кој на локалните избори во 2007 година, како претставник на Македонската Алианса освои победа. Македонците имаат свои претставници и во општините Ѕвезда и Горна Горица.[23]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Податоци од пописот 2011: Постојано население според етничка и културна припадност“. Институт за статистика на Република Албанија. http://www.instat.gov.al/media/180932/1.1.13.xls. конс. 5 април 2014. 
  2. Македонците во Албанија]
  3. Јаким Синадиновски, Македонски муслимани, Тогаш и сега
  4. ОБСЕ МЕЃУНАРОДНА МИСИЈА ЗА НАБЉУДУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО АЛБАНИЈА (Англиски)
  5. Свет на Европа 2004-2008
  6. Артан Хоџа и Алма Гуррај, „Локална самоуправа и децентрализација: Пример од Албанија. Историја, реформи и промени“. Во: Локална самоуправа и децентрализација во југоисточна Европа. Продолжување на работите започнати во Загреб, Хрватска. 6 април 2001. Friedrich Ebert Stiftung, Загреб 2001, с. 194-224
  7. Правата на малцинствата во Албанија, старница 3 - Албански Хелсиншки комитет, Септембри 1999
  8. Интервју со Едмонд Темелко, градоначалник на Пустец
  9. Хелсиншки извештај
  10. Македонците во Албанија]
  11. Македонците во Албанија]
  12. M. Апостолов, "Помаци: Верски малцинства на Балканот", (1996)
  13. Македонците во Албанија
  14. Малцинските права во Албанија, Албански Хелсиншки комитет, септември 1999
  15. Извештај на малцинствата 2002]
  16. Македонците во Албанија
  17. Албанија:Јазици во секој денска употреба
  18. По дирекција на Албанскиот хелсиншки монитор, од септември 1999 до септември 2000, се работеше на проектот“On the status of the minorities in the Republic of Albania”. Проектот го финанцираше ‘КИОС’, “Finnish NGO Foundation for Human Rights”
  19. Macedonian Human Rights Movement International
  20. Албанија:Јазици во секој денска употреба
  21. http://www.ahc.org.al/deklarata/Report%20on%20the%20macedonian%20minority.pdf
  22. Македонското малцинство во Албанија
  23. Македонски Иселенички Алманах '97, Матица на иселениците од Македонија; Скопје: 1997; ст.60-61

Надворешни врски[уреди]