Македонци во Бразил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонци во Бразил
Вкупен број
45.000
Подрачја со значајно население
Рио де Жанеиро, Сао Паоло, Порто Алегре
Јазици
португалски
Вероисповед
православие, католицизам
Сродни народи
Македонци

Се проценува дека бројката на Македонците кои живеат и работат во Бразил изнесува 45.000. Најголемиот дел од нив се сконцентрирани во градовите Рио де Жанеиро, Порто Алегре, Сао Паоло и Куритиба.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1947 македонски доселеници од сите делови на светот испратиле апел да се соберат средства, во обид да им се помогне на Македонците во Македонија да се изградат болници и медицински центри. Овој апел е наречен „Болнички повик“. Бразилците со македонско потекло помогнале да се соберат пари за болниците, при што се собрани вкупно 154.000 американски долари.

На клиниката во Скопје се поставени следниве натписи, благодарение на Обединета Македонска Дијаспора.

  • Изградбата и опремувањето на оваа клиника беше овозможено од помошта на доселениците е по потекло од Македонија кои се населиле во САД, Канада, Јужна Америка и Австралија.
  • Во темелите на оваа зграда се поставени љубовта на македонските доселеници за нивната слободна татковина кои ја имаат нашата огромна благодарност.

Значајни личности[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]