Едмонд Темелко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Едмонд Темелко
Роден Едмонд Темелко
7 јули 1972
Пустец
Познат политичар и активист
Занимање политичар, дипломиран земјоделски техничар

Едмонд Темелко (Пустец 1972) — македонски политичар во Албанија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Основното и средното образование Темелко го завршил во родното место, а дипломирал на Земјоделскиот факултет во Тирана. Покрај политичкиот ангажман, Темелко водел приватен бизнис.

Политичка кариера[уреди | уреди извор]

По победата на изборит,е одржани на 18 февруари 2007 година, Темелко станал градоначалник на Општина Пустец во областа Мала Преспа во Албанија. Во претходниот состав на Советот на општина Пустец, тој бил советник. Тој е еден од основачите и претседател на македонската организација „Преспа“ во Република Албанија, која тесно соработува со Светскиот македонски конгрес, ОМО „Илинден“ - ПИРИН, „Виножито“ и други македонски национални организации и партии од Македонија и дијаспората.
Во февруари 2016 година, по налог на Специјалното јавно обвинителство, Темелко бил уапсен од македонската полиција и одведен на сослушување во кривичниот суд, а по повод случајот „Титаник“ во кој Темелко, заедно со уште неколку други лица, бил осомничен за делото злосторничко здружување, според членот 394, и за делото повреда на избирачкото право, според членовите 24 и 159 од Кривичниот законик. Притоа, судот го отфрлил барањето на Специјалното обвинителство за одредување на притвор.[1] е Тој бил советник

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Бранко Ѓорѓевски, „Темелко: Видов само кутии и книги, но не и докази“, Дневник, година XX, број 5993 петок, 19 февруари 2016, стр. 2-3.