Знаме на Македонија
| Употреба | Државно, воено и пловно знаме |
|---|---|
| Сразмер | 1:2 |
| Усвоено | 5 октомври 1995 |
| Опис | Стилизирано златно сонце со осум краци - модификација на Ѕвездата од Кутлеш |
| Творец | Мирослав Грчев |
Знамето на Македонија е официјалното знаме на територијата на државата, усвоено во 1995 година кога се сменило старото македонско знаме. Знамето е составено од црвена позадина на која има златно сонце. Сонцето е со осум сончеви краци кои се простираат од сончевиот диск со проширување до рабовите на знамето. Сончевите зраци се вкрстуваат по дијагонала, хоризонтала и вертикала. Дијаметарот на сончевиот диск е една седмина од должината на знамето. Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето. Односот на ширината и должината на знамето е еден наспрема два. Тоа претставува „ново сонце на слободата“, испеано во македонската национална химна Денес над Македонија:
- Денес над Македонија се раѓа,
- ново сонце на слободата.
- Македонците се борат,
- за своите правдини!
Содржина |
[уреди] Дизајн и опис
Официјалниот опис на знамето според Законот на Македонија е следен[1]:
| „ | Знамето на Република Македонија е црвено со златно- жолто сонце. Сонцето е со осум сончеви знаци кои се простираат од сончевиот диск со проширување до рабовите на знамето. Сончевите зраци се вкрстуваат по дијагонала, хоризонтала и вертикала. Дијаметарот на сончевиот диск е една седмина од должината на знамето. Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето. Односот на ширината и должината на знамето е еден спрема два. | “ |
Сразмерот на знамето е 1:2 каде се искористени следните бои за да се добие дизајнот:
| Систем | Црвена | Жолта |
|---|---|---|
| RGB | 210-0-0 | 255-230-0 |
| хексидецимален формат | #D20000 | #FFE600 |
- Дизајнирање на знамето
Процесот на усвојување и промена на државното знаме на Македонија започнал во 1995 година. Летото, тогашната Влада на Македонија го задолжила Мирослав Грчев да подготви идејни решенија за ново знаме и нов грб на државата. Така, за еден месец, Грчев изготвил по 12 дизајни за знаме и грб на Македонија, каде знамињата се делеле на: знамиња со златен диск на црвена основа, знамиња со златен диск кој излегува од границите на знамето, знамиња со златни дискови и триаголни зраци и знамиња со златни дискови и со златни краци на целата основа. При изработка на знамето, Мирослав Грчев морал да внимава на двата критериума поставени од Владата на Македонија[2]:
- знамето да ги има истите бои како и претходните македонски знамиња, односно крвава црвена и златно жолта, и
- знамето да го има сонцето како единствена апликација.
По поднесувањето на сите 12 дизајна на знамиња и исто толку грбови, Собранието воопшто не расправало за грбот, иако тоа било во план, а како ново знаме се зел последниот предлог на Грчев, односно дизајнот каде сончевите зраци се на целата површина на знамето. Интересно е тоа што в0 оригиналниот дизајн немало одделување на зраците од дискот, туку тоа било отпосле сменето во Собранието. За таа промена, Мирослав Грчев вели дека не е во согласност со графичките, естетските и ликовните правила.[2]
-
Предлог-знаме кое било отфрлено при втората селекција за ново знаме на Македонија.[2]
-
Предлог-знаме кое било отфрлено при втората селекција за ново знаме на Македонија.[2]
-
Предлог-знаме кое било отфрлено при втората селекција за ново знаме на Македонија.[2]
-
Предлог-знаме кое било отфрлено при втората селекција за ново знаме на Македонија.[2]
-
Едно од првите 12 предлог-знамиња на Македонија, вклучувајќи ги и отфрлените во втората селекција.[2]
-
Едно од првите 12 предлог-знамиња на Македонија, вклучувајќи ги и отфрлените во втората селекција.[2]
-
Едно од првите 12 предлог-знамиња на Македонија, вклучувајќи ги и отфрлените во втората селекција.[2]
-
Едно од првите 12 предлог-знамиња на Македонија, вклучувајќи ги и отфрлените во втората селекција.[2]
-
Предлог за знаме на Македонија.[2]
[уреди] Претходни знамиња
Пред 1995, како симбол за знамето се употребувала ѕвездата од Кутлеш, што довело до масовни протести во Грција, поради наводните „ексклузивни права“ на користење на симболот од грчка страна. Денес ова знаме е македонско национално знаме и го користат македонските заедници и организации во Македонија, соседните држави и странство. Официјалниот опис на првото знаме на Македонија гласел[3]:
| „ | Знамето на Република Македонија е црвено со златножолто сонце. Сонцето е со осум основни и осум споредни сончеви зраци, благо здебелени во првата половина, наизменично и симетрично наредени околу сончевиот диск. Основните сончеви зраци непосредно се одделуваат од сончевиот диск, а крајната надворешна должина на сите шеснаесет сончеви зраци се поклопува со надворешната периферија на сонцето. Дијаметарот на сончевиот диск е една седмина од широчината на знамето. Односот на дијаметарот на сончевиот диск и должината на основниот сончев зрак е еден спрема два, а односот на должината на споредниот и основниот сончев зрак е седум спрема осум. Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето. Односот на широчината и должината на знамето е еден спрема два. | “ |
[уреди] Тривијални податоци
Во 2002, уредниците на World Almanac ги избрале десетте најдобри знамиња на државите од целиот свет. Македонското знаме завршило на второто место. На прво место завршило знамето на Бутан, а на трето место знамето на Кирибати. Останатите позиции до десетто место ги добиле Бразил, Канада, Јапонија, Швајцарија, Сејшелите и Франција.
[уреди] Слични знамиња
Следниве знамиња се знамиња кои се целосно или делумно базирани на старото или новото македонско знаме:
-
Знаме на Општина Босилово.
-
Знаме на Општина Другово.
-
Знаме на Општина Илинден.
-
Знаме на Општина Кривогаштани.
-
Знаме на Општина Могила.
-
Знаме на Општина Македонска Каменица.
-
Знаме на Општина Новаци.
-
Знаме на Општина Ново Село.
-
Старото знаме на Општина Сопиште.
-
Знаме на Општина Чашка.
-
Знаме на Општина Шуто Оризари.
-
Знаме на поранешната Општина Бистрица.
[уреди] Наводи
[уреди] Поврзано
- Знамиња на Македонија
- Ѕвездата од Кутлеш
- Македонски лав
- Химна на Македонија
- Грб на Македонија
- Знаме на грчка Македонија
[уреди] Надворешни врски
- Закон за знамето на Македонија на Викиизвор.
- Закон за знамето на Република Македонија (1992) на Викиизвор.
- Службен весник на РМ, 1995 год.: Закон за знамето на Република Македонија
- 15 години по промената на знамето - анализа на Нова Македонија
|
|||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||