Ѕвездата од Кутлеш
| Употреба | historical |
|---|---|
| Сразмер | 1:2 |
| Усвоено | 1992 - 1995 |
| Опис | Ѕвездата од Кутлеш |
Sвездата од Кутлеш, Сонцето од Кутлеш или уште и Аргеадската ѕвезда е име дадено на симбол на стилизирана ѕвезда или сонце со шеснаесет зраци. Бил ископан во 1977 за време на археолошки ископувања во Кутлеш, во северната грчка провинција Македонија, од страна на професорот Манолис Андроникос. Тој го открил сонцето на златен ларнакс во гробниците на кралевите на античка Македонија.
Sвездата од Кутлеш е симболот кој го користат Македонците. Тоа е сонце со 16 краци и е симбол на македонскиот народ, земја и култура. Во 1977 во селото Кутлеш беше откопана во еден археолошки локалитет и според името на селото Кутлеш, денес така и се нарекува симболот. Во гробот што бил откриен пронајдена е златна плоча со изгравирано сонце на неа. Денес таа пронајдена плоча се чува во музејот во Кутлеш, Егејска Македонија.
Ѕвездата се користела за време на Кралство Македонија и во Република Македонија од јули 1992 до 1995 година кога е сменето со денешното македонско знаме. Денешното македонско државно знаме е стилизирана верзија на Ѕвездата од Кутлеш, со осум краци наместо шестнаесет.
Содржина |
[уреди] Толкување на симболот
Значењето на симболот денес не е сосема разјаснето. Во археолошките кругови постојат повеќе претпоставки за тоа дали симболот бил званичен симбол на Кралството Македонија, дали бил само симбол на војската или пак, едноставно претставувало украсно обележје.
[уреди] Употреба на симболот
Симболот се користел отсекогаш за означување и истакнување на македонскиот идентитет. Низ вековите, македонскиот народ секогаш го користел симболот во своето секојдневие и активности. За важноста на симболот за македонскиот народ сведочат и голем број на икони во кои се нацртани 16- краки ѕвезди или во поупростената верзија- ѕвезда со осум краци.
[уреди] Денешна употреба
Денес, симболот го користат скоро сите македонски здруженија во дијаспората, македонската општина Пустец во Албанија, многубројни организации во Македонија и беше државно знаме на Македонија од 1991 до 1995 година. Од друга страна пак, Грција вештачки го прифаќа како нивен симбол со тоа што Беломорска Македонија како провинција го има истото знаме но со сина позадина.
| „ | Сонцето од Кутлеш не е грчки симбол, освен тоа што случајно се пронајде на денешната грчка територија. Денешните грчки симболи и античките грчки симболи се скоро еднакви бидејќи луѓето живееле на иста територија.[1] | “ |
[уреди] Грб на Пустец
Симболот и грбот на македонската општина во Албанија, Пустец официјален грб на општина пустец. Грбот се состои од златна 16 крака Ѕвезда од Кутлеш на црвена основа. Над Ѕвездата од Кутлеш стои натписот Општина Пустец на македонски јазик а додека на долниот дел стои натписот Komuna e Liqenas (Општина Пустец на албански јазик)
[уреди] Грб на ОМО Илинеден - Пирин
Грбот на ОМО Илинден - Пирин е официјален грб на политичката партија на Македонците во Пиринска Македонија. На грбот е претставена зелена планина што ја симболизира Пиринска Македонија. Во позадина на планината е претставена Ѕвездата од Кутлеш и го симболизира македонскиот народ, територија, историја и идентитет. Во подножјето на планината се претставени три цвета. Македонците од Пиринска Македонија доста често го користат нашето национално знаме што се користеше до 1995 година. Дејствувањето на оваа политичка партија во Бугарија е речиси невозможно, а за прекршување на слободата на собири, државата беше осудена и од Европскиот суд за човекови права во Стразбур.[2]
[уреди] Галерија
-
Знаме на Општина Другово.
-
Знаме на Општина Македонска Каменица.
[уреди] Видете исто така
- Македонски лав
- Грб на Република Македонија
- Знаме на Република Македонија
- Химна на Република Македонија
- Знаме на грчка Македонија
[уреди] Надворешни врски
[уреди] Наводи
- ↑ Peter Hill, 'Levelling the Levendis', The Age, Melbourne, 20 април 1994; quoted by John Shea, Macedonia and Greece: The Struggle to Define a New Balkan Nation, p. 6. McFarland & Company, 1997
- ↑ Стразбур ја осуди Бугарија за забрана на собири на ОМО „Илинден“
|
|||||||||||||||||||||||||

