Симболи на Македонија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на Македонија.

Симболите на Македонија се националните обележја на државата и на народот. Националните симболи ги вклучуваат државното знаме, државниот грб, државната химна и националните етнички обележја кои вековно го претставувале и симболизирале народот.

Државно знаме[уреди]

Знамето на Македонија.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Знаме на Македонија.

Знамето на Македонија е официјалното знаме на територијата на државата, усвоено во 1995 година кога се сменило старото македонско знаме. Знамето е составено од црвена позадина на која има златно сонце. Сонцето е со осум сончеви краци кои се простираат од сончевиот диск со проширување до рабовите на знамето. Сончевите зраци се вкрстуваат по дијагонала, хоризонтала и вертикала. Дијаметарот на сончевиот диск е една седмина од должината на знамето. Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето. Односот на ширината и должината на знамето е еден наспрема два.

Етничко знаме[уреди]

Етничкото македонско знаме.

„Sвездата од Кутлеш“, „Сонцето од Кутлеш“ или уште и „Аргеадската Sвезда“ е име дадено на симбол на стилизирана ѕвезда или сонце со шеснаесет зраци. Бил ископан во 1977 за време на археолошки ископувања во Кутлеш, во северната грчка провинција Македонија, од страна на професорот Манолис Андроникос. Го открил сонцето на златен ларнакс во гробниците на кралевите на античкото кралство Македон.

Sвездата од Кутлеш е симболот кој го користат Македонците. Тоа е сонце со 16 краци и е вековен симбол на македонскиот народ, земја и култура. Во 1977 во селото Кутлеш беше откопана во еден археолошки локалитет и според името на селото Кутлеш, денес така и се нарекува симболот. Во гробот што бил откриен пронајдена е златна плоча со изгравирано сонце на неа. Денес таа пронајдена плоча се чува во музејот во Кутлеш, Беломорска Македонија. Ѕвездата се користела за време на Кралство Македонија и во Република Македонија од 1991 до 1995 година кога насилно беше сменето знамето со денешното македонско знаме. Денешното македонско државно знаме е скратена стилизирана верзија на Ѕвездата од Кутлеш, со осум краци наместо шестнаесет.

Покрај Ѕвездата, како етничко знаме се користи и златниот лав на црвена основа.

Историски знамиња[уреди]

Национална химна[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Химна на Македонија.
Македонска химна.

„Денес над Македонија“ е национална химна на Македонија. Автор на текстот е Владо Малески, а автор на музиката Тодор Скаловски. Напишана е во 1941 година. По завршувањето на Втората Светска војна е усвоена како химна на СР Македонија во рамките на поранешна Југославија, а во 1992 година со закон е прогласена и за химна на независна Македонија.

Со текот на времето текстот на химната претрпел разни промени, при што денес се познати три нејзини верзии- денешната верзија, првичната химна и првата официјална изведена химна која се разликува од првата во само еден ред . Во однос на првичниот текст од 1941 година се изоставени имињата на Никола Карев и Димитар Влахов, а е додадено името на Даме Груев[1].

Државен грб[уреди]

Грбот на Македонија.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Грб на Македонија.

Грбот на Македонија е официјалниот грб на државата. Грбот кој е во употреба, со мали модификации, уште од 27 јули 1946 година кога е заменет грбот на Народна Република Македонија, a на 16 ноември 2009 е отстранета црвената петокрака од социјалистичкиот македонски грб. Македонскиот државен грб е еден од двата во Европа кои се уште имаат социјалистички стил и се со пејзажен карактер, наместо историски. Другиот грб со пејзажен стил е грбот на Белорусија. Според сите меѓународни и домашни хералдички стандарди ова не е грб туку амблем, но и покрај тоа што е амблем, законот на Македонија го именува како грб.

Етнички грбови[уреди]

Популарниот македонски етнички грб.
Crystal Clear app xmag.svg Главни статии: „Македонски лав“ и „Грбови на Македонија.

Македонскиот лав, како и македонската Ѕвезда од Кутлеш, е уште еден симбол на македонскиот народ, култура и традиција, популарно наречен лавче. Заедно со Ѕвездата се едни од најстарите симболи во Европа што денес сѐ уште се користат. На територијата на Македонија некогаш живееле лавови, што е и поткрепено од антички историчари и фосилните наоди од околината на Делчево. Ловот на лавови бил популарен помеѓу Македонците и како резултат на тоа пронајдени се поголем број на мозаици и слики со сцени од лов на лавови.

Наводи[уреди]

Поврзано[уреди]