Македонски лав

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Историски грб на Македонија
Macedonian golden lion.svg
Подробно
Грбоносец Македонија
Штит Грбот содржи златен лав со црвен штит во позадина
Мото Слобода или смрт (МРО)

Македонскиот лав, како и македонската Ѕвезда од Кутлеш, е уште еден симбол на македонскиот народ, култура и традиција, популарно наречен лавче. Заедно со Ѕвездата се едни од најстарите симболи во Европа што денес сѐ уште се користат. На територијата на Македонија некогаш живееле лавови, што е и поткрепено од антички историчари и фосилните наоди од околината на Делчево. Ловот на лавови бил популарен помеѓу Македонците и како резултат на тоа пронајдени се поголем број на мозаици и слики со сцени од лов на лавови.

Среден век[уреди]

Скулптура на лав на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје
Дел од фреска на Македонски лав и натпис Македонско Царство во црквата „Св. Ѓорги“ од XVI век, во селото Бањани, Скопско

Во средниот век и во понатамошниот период од историјата на Македонија, лавот продолжил да се користи како симбол на Македонците паралелно со Ѕвездата од Кутлеш. Лавот и натписот како дел од грб можат да се пронајдат и во збирки на грбови од странски познати личности. Така на пример, во 1595 година колекцијата на грбови Korenich-Neorich се вметнал и македонскиот лав на штит како грб на Македонија и македонскиот народ. Во таа колекција вметнати биле и уште единаесет други грбови на различни земји. Под штитот со лавот стои натписот Македонија, а додека над штитот стои натпис "Cimeri makedonske zemle" или Грбот на македонската земја. Покрај македонскиот грб во колекцијата се наоѓаат и грбови на Хрватска, Далмација, Бугарија, Босна. Во колекцијата македонскит грб се сретнува два пати. Македонскиот грб со лав понатака се користел и од српскиот крал Душан и од неговиот син Урош. Имено, македонскиот лав е вметнат покрај останатите грбови и направене еден грб, што би означувало обединување на јужните словени на овие простори. Според тој факт, македонскиот народ е претставен како посебен народ а Македонија како посебен регион[1][2].

Покрај споменатата колекција на грбови македонскиот грб со лав се вметнувал и бел дел и од други колекции на грбови. Така, во 1605 година во Унгарија се издала колекција со грбови чиј автор бил Зибмахер. Понатака кон крајот на 16 и почеток на 17 век, колекцијата на грбови на Палинич го вклучувала и македонскиот земен грб со лавот. Грбот покрај симболот, вклучувал и натпис напишан со рака на кој стоело "Macedonia regni". Исто така, во колекцијата на грбови на Алтан од 1614 година, може да се најде и македонскиот грб. На грбот е претставен македонскиот лав на црвен штит. Над грбот стоел натписот "Makedonske zemle cimeri" а додека под грбот стоел натписот "Insignia regni Macedonia"[3][4]. Христофор Жефаровиќ, во својата Стематографија во 1741 година, го дава грбот на Македонија[5][6]:

Денешна употреба[уреди]

Денес, лавот заедно со Ѕвездата се користат како симболи на Македонците. Поголем број на политички партии во Република Македонија го користат лавот како главен елемент во грбовите на своите партии. Исто така поголем број на невладини организации или граѓански здруженија го користат лавот како симбол. Ѕвездата од Кутлеш и македонскиот лав се длабоко навлезени во срцевината на македонштината и се неделлив елемент од македонската историја, култура и идентитет.

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

Поврзано[уреди]