Список на знамиња на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ова е список на знамиња на Македонија во кој се вклучени вклучени националните знамиња, национални симболи и знамиња на општини, користени низ историјата и денес. За националното знаме, видете знаме на Македонија.

Република Македонија[уреди]

Знаме Датум Употреба Опис
Flag of Macedonia.svg 1995 – Знаме на Република Македонија Жолто сонце со осум краци на црвена основа.

Историски знамиња[уреди]

Државотворни знамиња[уреди]

Знаме Датум Употреба Опис
Flag of the Republic of Macedonia 1992-1995.svg 1991 – 1995 Знаме на Република Македонија Црвено знаме со ѕвездата од Кутлеш во средина.
Flag of SFR Yugoslavia.svg 1947 – 1991 Знаме на Социјалистичка Федеративна Република Југославија Три еднакви хоризонтални полиња, плаво најоре, бело во средина и црвено на дното, и црвена ѕвезда во средина.
Flag of the SR Macedonia.svg 1946 – 1991 Знаме на Социјалистичка Република Македонија Црвено знаме со жолта ѕвезда го горниот лев агол.
Flag of PR of Macedonia.svg 1944 – 1946 Знаме на Народна Република Македонија Црвено знаме со жолта ѕвезда во средина.
Flag of Kruševo Republic.svg 1903 Знаме на четатата на Питу Гули од Крушевското горско началство.[1] Црвено знаме од свилена ткаенина и со низ од жолта срма. Во средината над палмов венец со златна свила биле извезани две стиснати раце - симбол на единството, а над нив - запален факел. Околу симболиката било мотото "Свобода или смъртъ" и натпис "Знаме на Крушевската чета".[2]
Flag of the Republic of Kruševo.svg 1903 Црвено знаме на Крушевската Република. Црвено знаме без текст. Според некои извори знамето на приверемената влада имало од едната страна исправен лав и натпис "Свобода или смъртъ", а од другата пишело: "Богъ е с нас - дерзай народе".[3]
Знамето на Разловечкото востание.jpg 1876 Знаме на Разловечкото востание Црвено знаме со црвен разјарен лав на жолто-златна подлога и над него извезен натпис „Македонија“ и натпис над знамето „Станете да ви освобода“

Локални знамиња[уреди]

Знаме Датум Употреба Опис
Flag of the Democratic Federal Yugoslavia.svg 1941 – 1945 Знаме на партизанското движење Три еднакви хоризонтални полиња, плаво најоре, бело во средина и црвено на дното, и црвена ѕвезда во средина.
Flag of IMRO.svg 1920[4][5] Знаме на ВМРО. Хоризонтални две полиња, црвено и црно.
Mijacko zname.jpg - Мијачко знаме Крст и кратенките ИС ХР НИ КА во бел круг на црвена позадина.
Makedonska kolonija vo Petrograd.jpg 1914 Знаме на Македонската колонија во Петроград, Русија Коњ во бел квадрат на црвена позадина и сонце во долниот лев агол над кое има натпис „ЕДИНА НЕЗАВИСИМА МАКЕДОНÏА"
Ohrid Banner1.jpg 1903 Охридско востаничко знаме Жена со знаме во раката и натпис „СВОБОДА ИЛИ СМЪРТЪ и натписи МАКЕДОНИЯ и IIий окрѫгъ VIтаоколия, кое се состои од три бои - бела, зелена и црвена.[4][5]
Струшко знаме.jpg 1903 Струшкото востаничко знаме Жена со знаме во раката и натпис „СВОБОДА ИЛИ СМЪРТЪ“[6]
Zname na zagoricani.jpg 1903 Знаме на Загоричани Лав со сабја во десната, пушка во левата шепа и круна на главата. Над него има натпис „СВОБОДА ИЛИ СМЪРТЪ“, а под него „20 юли, 1903, ЗАГОРИЧЕНИ“.
Mk ilinden1903.gif 1903 Востаничко илинденско знаме. Црвено знаме со натпис „20 юлий“.
Ilindenskozname.jpg 1921 Знаме на Илинденската Организација.[6] Црвено со картата на Македонија и со востаник кој држи црвено знаме со девизата на организацијата: "За нея ние се боримъ, за нея ние мремъ."

Општински знамиња[уреди]

Етнички[уреди]

Знаме Датум Употреба Опис
Flag of the Republic of Macedonia 1992-1995.svg 1991 – Неофицијално македонско етничко знаме Црвено знаме со Ѕвездата од Кутлеш .
MacedonianEthnic.gif 1990 – Неофицијално македонско етничко знаме Црвено знаме со кралска розета во средина и Ѕвездата од Кутлеш .
MK Lion1 flag.gif 1990 – Неофицијално македонско етничко знаме. Црвено знаме со стилизиран жолт лав.
Flag of Macedonia - ethnic.svg 1992 – Неофицијално македонско етничко знаме Црвено знаме со стилизиран жолт лав.

Предлози за македонски знамиња[уреди]

Знаме Датум Употреба Опис
Mk flag prop 95.gif 1995 Предлог за Македонско знаме од 1995. Нема употреба Црвено-сино знаме со жолт двоглав орел. Има и звеѕда помеѓу главите
Mk flag prop vergina up.gif 1992 Предлог за Македонско знаме. Нема употреба Црвено знаме со црни линии и Ѕвездата од Кутлеш во горниот лев агол.
Mmk flag prop 92.gif 1992 Предлог за Македонско знаме од 1992. Има широка употреба вон македонските институции Црвено знаме со Ѕвездата од Кутлеш и кралска розета во средина.
Mk flag prop lion.gif 1992 Предлог за Македонско знаме. Се употрбува од страна на ВМРО-ДПМНЕ Црвено знаме со стилизиран жолт лав.
Mk flag prop lion.bl.gif 1992 Предлог за Македонско знаме. Се употрбува од страна на ВМРО-ДПМНЕ Црвено-црно знаме со стилизиран жолт лав.

Знамиња на македонците во дијаспората[уреди]

Македонците во светот првостепено ја користат Ѕвездата од Кутлеш и државното знаме. Во земјите каде што се признати помеѓу овие знамиња имаат и свои, регулирани со закон кои ги користат.

Знаме Датум Употреба Опис
Flag of the Macedonians in Serbia.svg 90-те – Официјално знаме на македонците во Србија, регулирано со закон Црвено знаме со Ѕвездата од Кутлеш обиколона со златен круг.
Macedonians Slo.png 90-те – Знаме на македонците во Словенија Ѕвездата од Кутлеш со банер на слвенечкото знаме на левата страна.
Mk hr.gif 1991 – Знаме на македонците во Хрватска Црвено знаме со седумкрако сонце и шховница во подножјето.

Општински знамиња[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Д-р Ѓорѓе Миљковиќ, "Илинденските знамиња и печати", Скопје, "Mенора", 2003.

Белешки[уреди]

  1. Glasnik na Institutot za nacionalna istorija, Tomove 34–39, (Skopje, Macedonia), 1990, str. 39.
  2. Иванов, Иван, „Знамената на освободителното движение и въстанията в Македония и Тракия“, изд. Св. „Георги Победоносец“, София, 1998 г., стр. 45
  3. Според писмо на бугарскиот конзул во Битола д-р Бешков до премиерот на зградата се веело црвено знаме од едната страна со исправен лав со натпис "Свобода или смъртъ", а од другата: "Дерзай народе - Богъ е с нас ". Istoricheski pregled, tom 34, Bŭlgarsko istorichesko druzhestvo, Institut za istoria (Bŭlgarska akademia na naukite), 1978, стр. 85.
  4. Големото МРО не е ВМРО! (Повод: Премолчувањето на известувачите од МАНУ) Спасе Шуплиновски ....Токму на 70-годишнината од тој чин, на 17 јуни 1990 година, се одржа основачкиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, што не е случајно. Оваа партија го зеде за свој симбол знамето на врховистичката ВМРО на Ванчо Михајлов: црвено-црно со златен лав... види: Utrinski vesnik - issue 1166, October 16, 2006 [1]
  5. Во официjална реч пред Македонскиот Парламент Jaни Маркадули тврди: "...Иако, да бидеме искрени, на манифестациите каде што се појавуваат партиите со предзнак ВМРО, има едни со 16-то кракото сонце, едни со лав, едни со црвено-црното знаме на Александров и т.н. [2]
  6. Членска карта со девизата и символите на Илинденската Организација: [3]

  Охридското востаничко знаме (1903), страница "Македониjа низ вековите" на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија и Државниот архив на Македонија.
  Современа слика од Националниот воено-историски музеj во Софија на страницата www.boiniznamena.com (бугарски)
  Современа слика од Националниот воено-историски музеj во Софија на страницата www.boiniznamena.com (бугарски)
  Општини, вкупно 10, кои го сочинуваат Град Скопје
  Границите на Општина Дебар во Југозападниот статистички регион во 2004 се зголемени за сметка на дел од Општина Ростуша, претходникот на Општина Маврово и Ростуша, во Полошкиот регион