Туминец
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Туминец е село во Мала Преспа, Република Албанија, Општина Пустец (Komuna Liqenas), Округ Корча( Korça).
Содржина |
Географиja и местоположба [уреди]
Селото Туминец (над. вис. 850м) се наоѓа на Пречна Планина, на самиот брег на Преспанското езеро близу до граничниот премин Стење-Горица.Туминец е второ село по големина во Мапа Преспа со околу 800 жители. Неговата местоположба е покрај бреговите на Преспанското езеро.
Историja [уреди]
Ова е релативно ново село. Порано имало друго село, Старо Село, што се наоѓало јужно од сегашното село, но поради надоаѓањето на водата, селото било потопено. Уште понајуг се наоѓа манастирот Св.Марена -единствена црква посветена на оваа светица. Жителите на ова село се староседелци и сите се Македонци со православна вероисповед.
Економија [уреди]
Населението од Туминец се занимава со риболов,сточарство,земјоделие,лозарство и правење ќумур.
Демографија [уреди]
Општествени институции [уреди]
Културни и природни знаменитости [уреди]
Во ова село, исто така има и народна фолклорна група која има настапувано на бројни фестивали. Носијата на оваа фолклорна група е слична на ресенската.