Темко Попов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Темко Попов
Темко Попов.jpg
Роден Темистокли Попов
1855
Охрид
Починал 1929
Охрид
Националност Македонец
Познат македонски преродбеник и национален деец
Занимање учител, македонист, деец


Темко Попов бил македонски национален деец, македонист, член на Тајниот македонски комитет и публицист кој смета дека „најглавната работа е Македонија да се помакедончи“. Заедно со уште тројца членови на ТМК (Наум Евро, Коста Групче и Васил Карајовов) учествува во тајните преговори со српската влада за соработка по македонското прашање што се водат во Белград кон крајот на август 1886 година. Според привремената програма на Тајниот македонски комитет и врз основа на меѓусебните отстапки, Србија требало да оствари влијание во Македонија, а за возврат да ја поддржи реализацијата на следниве барања:

За жал, програмата на ТМК, освен по втората точка, не била прифатена од српската влада со оглед на судирот на српските националистички интереси со македонските интереси на ТМК. Сепак, како драгоцено сведоштво за одржаните преговори и за обидот на ТМК да реализира крупни придобивки за македонскиот народ останува во ракописот на Попов „Кој е крив“, напишана на убав македонски јазик и стил во 1887 година. Оваа брошура освен што е своевиден документ за општествено-политичките и националните процеси во Македонија во втората половина на XIX век, претставува и значаен обид и придонес за нормирање на македонскиот јазик во сферата на публицистиката и литературата и се вклучува во Македонското јазично прашање во 19 век. Во ова свое дело, Попов, ја има запишано и суштинската реченица за македонската национална посебност и самобитност:

И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти е Блгарин ил’и Србин, освен оние Македонци у кои веке пропагандата блгарска се имат вкоренено.[1]

-Дополнување на податоци (од неговите потомци) за Темко (Темистокли)Попов, татко Стефанија Попов, мајка од фамилија Танчевци од Охрид, сестра Анета Попова Кацкова, брат Мита-Димитрије и Коста. Сопруга на Темко е Евангели од Солун. Стефанија Попов и Александар Попов се синови на грчкиот владика Калиник, кој во Охрид дошол кон крајот на XIX век, од грчкиот остров Тасос. (1862-1885) Основно (грчко)училиште завршил во Охрид, во Атина завршил шести клас гимназија на грчки јазик. Во Атина работел во разни православни агенции, како и во редакциите на некои весници. Одлично ги познавал грчкиот и бугарскиот јазик (пишување и зборување), а турскиот јазик само го зборувал. Во Едрене предавал во Прогимназијата, а истовремено бил писар во Духовната семинарија. Во тоа време бил и економ во Битолската (егзархиска) гимназија. Во 1886 е еден од оснивачите на "Тајниот македонски комитет" од Софија составен од Темко Попов, Наум Евро, Коста Групче и Васил Карајовов, во таа година присуствува на конференцијата на истакнати општествени работници на Кралството СХС, во Белград. Во 1887 работи како економ во Бугарската (Егзархиска) гимназија. Од 1 јануари 1887 до 31 декември 1913 Темко Попов бил во служба на Кралството СХС, во Солун, Цариград и Атина, како сенатор, драгомани национален работник вкупно 27 години. (Податоците се од документ издаден на 8 мај 1921 година од Министерството за надворешни работи на Кралството СХС, во Белград). На 23 мај Темко во Белград бара од Сава Грујиќ претседател на министерскиот совет во министерството за надворешни работи, да биде поставен за официјален службеник во српскиот конзулат, за да може да го ужива истиот авторитет кај луѓето со кои соработувал на полето на српската пропаганда во Солун. На 21 јуни Попов ја доставил ПРОГРАМАТА на Сепаратистите до српската влада, што содржеле четири точки, кои се однесувале на школството во Македонија, и обновувањето на Охридската епископија. Во јануари 1888 година, во егзархиската гимназија во Солун 18 ученици Македонци, протестирале кај управата барајќи наставата да се одвива на македонски јазик. Официјален водач бил Панта Кондовиќ од Прилеп, а идејниот лидер бил Темко Попов. Припадниите на оваа група биле исклучени од гимназијата, а во македонската историја се познати под името "Македонисти". Темко добил отказ на работното место во бугарската гимназија во Солун. Потоа доаѓа во Белград каде друштвото "Св. Сава" го помага материјално се до новото негово назначување на работа. Во 1889 завршен е текстот за брошурата за политичката положба во Македонија од Темко Попов, под наслов "Кој е крив". Кратко време работи и како повереник на српското министерство за надворешни работи. На 22 февруари доаѓа во Солун во Генералниот конзулат на Кнежевина Србија. Во 1903 роден е неговиот син Милоје (Емил Лукас?!), родена е неговата ќерка Ленкица која починала на 14 годишна возраст. Во периодот од 1908-1909 живее во Цариград, каде е сопственик на весникот "Цариградски гласник" (кој излегувал на српски јазик во периодот од 14 јануари 1809 до 19 јануари 1909). Во 1921 година е назначен за инспектор од прва класа во аграрното поверенство во Битола и Охрид од страна на министерството за аграрна реформа на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.

Наводи[уреди]

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]