Струмјани

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Струмjаните биле словенско племе кое во раниот среден век ја населувало областа на источна Р. Македонија и скоро цела пиринска Македонија до р. Места. Потеклото на Струмјаните, како и на сите македонски словени е Венетско т.е. припаѓаат на западните словени и се во крвно сродство со Пољаците - Шлезијци.


Потекло на Струмјаните[уреди]

Татковината на Струмјаните била Шлезија/Силесија во денешна Полска. Во нивната прататковина се уште постои областа Струмиен, каде што има град Strumień[1] и река Струмиен. Во полскиот јазик постои и зборот Струга, кој означува река. Во Полска и денеска постојат многу струмјански етнотопоними како Strumiany[2]. Името Strumiany[3] го носат многу села и мали градови во Полска. До 1945 г. Шлезија била дел од Германија, а претходно под австриската монархија на Хазбурговците, кои придонеле за германизација на словенските народи од Шлезија.