Милан Матов
| Милан Матов | |
| македонски револуционер | |
| Роден | 8 ноември 1875 Струга, Македонија |
|---|---|
| Починал | 21 мај 1962 Софија, Бугарија |
Милан Матов бил македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, учесник во Илинденското востание, еден од главните организатори на Тиквешкото востание и Охридското востание, по Првата светска војна бил активен во Илинденската организација и Македонскиот научен институт.
[уреди] Биографија
Милан Матов е роден на 8 ноември 1875 година во Струга, тогаш во Отоманската империја. Останува особено близок со својот брат Христо Матов, еден од идеолози на Македонската револуционерна организација. Милан Матов завршил во Битолската машка гимназија. Од 1895 година е член на Организацијата, а од 1900 година е член на околискиот револуционерен комитет во Струга. Двајцата браќа се многу блиски и со поетот и револуционер Пејо Јаворов[1] Од јули 1902 до март 1903 година лежи во затворот во Охрид.
За време на Илинденското востание е четник при војводата Лука Групчев во I востанички округ - Битолски. Во 1904-1905 година учителствал во Струга. Од 1905 година е член на окружниот комитет на Битолскиот револуционерен округ, а од јуни 1907 година е негов претседател и истовремено Битолски окружен војвода [2] Како таков е пречекан од официјална делегација по прогласувањето на Младотурската револуција.[3] Во своите спомени за овој период војводата Матов пишува:
- Една лажна гласина беше ставена во Македонија околу и по Илинденското востание, дека Врховните комитети во Софија сакале соединување кон Бугарија, а ВМОРО сакало автономија. На тој повод во јуни 1906 година бев во Софија и се однесов за објаснување до Даме Груев, кој ми одговори следново: "Ние сме Бугари и секогаш работиме и ќе работиме за обединување на бугарштината. А сите други формули се фаза за постигнување на таа цел. Не е дошол уште моментот за решавање на нашиот проблем, и затоа нема место сега за расправии и приказни од сличен род[4].
Во периодот помеѓу 1909-1911 година Милан Матов е училишен инспектор во Струга.
Во Првата балканска војна, Милан Матов бил војвода на чета № 24 при Македонско-одринското ополчение во Битолско [5], потоа служи во 3 чета на 6 Охридска дружина, а за време на Втората балканска војна е во зборната партизанска чета на МОО [6]. По војната, Матов е меѓу главните организатори на Тиквешкото и Охридско-Дебарско востание заедно со Петар Чаулев, Павле Христов, Антон Шибаков и други.
По завршувањето на Првата светска војна, Милан Матов станал активен член на Илинденската организација и на Македонскиот научен институт, а издава и свој спомени насловени "Спомените на Милан Матов, во тој период се залагал за крај на братоубиствените борби во ВМРО.
Милан Матов умрел на 21 мај 1962 година во Софија. Негов син е Христо Матов, правник и деец на ВМРО-СМД.
[уреди] Извори
- ↑ Найденова, Ганка, „П. К. Яворов и Тодор Александров“
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001., стр.101.
- ↑ Николов, Тома, „Спомени от моето минало“, Изд. на Отеч. фронт, София, 1989 г.
- ↑ Идејата за автономија како тактика во програмите на национално ослободителното движење во Македонија и Одринско, 1893-1941, проф. Димитар Гоцев, изд. на БАН, Софија, 1983 година.
- ↑ Гоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 21.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 433 и 893.