Далелвен
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Далелвен | |
| Dalälven | |
| Река | |
|
Поглед на Далелвен
|
|
| Земја | Шведска |
|---|---|
| Устие | Ботниски Залив |
| - височина | 0 m (0 ft) |
| - координати | 60°38′30″N 17°27′00″E / 60.64167°N 17.45°E |
| Должина | 520 km (323 mi) [1] |
| Басен | 28.953,8 km² (11.179 sq mi) [2] |
| Истек | |
| - просечен | 379 m3/s (13.384 cu ft/s) [1] |
Далелвен (швед. Dalälven = „Далска Река“) е река во средна Шведска која тече од северот на покраината Даларна и се влива во морето во северниот дел на Упланд. Се смета за јужна граница на крајот Норланд. Северното течение е радвоено на два дела: Естердалелвен и Вестердалелвен (источно и западно). Двете реки се среќаваат кај местото Јурос.
Реката е долга над 520 км и со тоа е втора по должина во земјата. Има хидроенергетски потенцијал од 1420 мегавати, кој 2⁄3 е искористен. Најголема електрана е Тренгслет. Во историјата Далелвен била значаен воден пат за сплавен сообраќај.
[уреди] Наводи
- ↑ 1,0 1,1 „Далелвен“. Национална енциклопедија. проверено на 11 јули 2010. (бара претплата) (шведски)
- ↑ „Окружни и главни сливни подрачја во Шведска“. Хидрометеоролошки институт на Шведска. http://www.smhi.se/sgn0102/n0205/lan_haro_huvud.pdf. проверено на 11 јули 2010. (шведски)
Медиумски материјали поврзани со Далелвен на Заедничката Ризница.

