Змиулка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Змиулки
Европска речна змиулка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Cephalaspidomorphi
Нерангирано: Hyperoartia
Ред: Petromyzontiformes
Фамилија: Petromyzontidae
Потфамилии'

Geotriinae
Mordaciinae
Petromyzontinae

Морфологија на змиулка.

Змиулка — водно животно кое припаѓа на редот Petromyzontiformes. Тоа се јагуловидни и безвилични риби. Постојат околу 40 видови. Змиулките се распространети во потоците, како и во морињата од умерените и субарктички региони, но не се најдени во водите на јужна Африка. Во средновековието, змиулките се користеле во исхраната, но денес се користат исклучиво како мамки за риби.

Морфологија[уреди]

Уста на речната змиулка.

Змиулките имаат мазна кожа и се долги околу 91 cm. Возрасните единки од паразитските видови живеат на сметка на крвта од рибите, со што често предизвикуваат штети. Како и кај нивните роднини миксини, нивниот усен отвор е кружен, без вилици и во него се наоѓа јазик кој ја всмукува храната (механизам на клип). Внатрешната маргина на устата и рабовите на јазикот се опремени со бројни мали и остри заби. Возрасните единки од непаразитските видови, пак, не се хранат, туку тие имаат многу краток век на живеење, во кој се размножуваат и изумираат. Тоа се случува многу брзо откако нивната ларва (наречена торнарија) ќе се претвори во возрасна форма. Кај нив, на секоја страна од телото постои ред од седум респираторни отвори преку кои змиулката дише. Животното нема коскен скелет, а потпората телото ја добива од ‘рскавичниот нотохорд.

Етологија (однесување)[уреди]

Сите змиулки се размножуваат во слатките води, обично во чисти потоци со песочни дна. Морските змиулки одат во слатководните басени за да се размножат (слично како лососот). Женката може да положи и до 62 500 јајца. По изведувањето, кое се случува еднаш годишно за секоја индивидуа, возрасната единка која ги положила јајцата умира за два до три месеци. Ларвите се слепи и немаат заби, а се исхрануваат на сосема поинаков начин. При исхраната им помагаат барбулите (шилести структури) кои се сместени на една реса. Ларвата се закопува во кал за речиси 4 години, по што се метаморфозира во возрасна индивидуа. Овие разлики кај ларвата ги навело научниците порано да ја класифицираат како сосема друг род (наречен амоцет).