Еленчиња

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Еленчиња
Lucanus cervus (мажјак)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Членконоги
Класа: Инсекти
Ред: Тврдокрилци
Подред: Разнојади
Инфраред: Тркалачовиди
Натфамилија: Тркалачи
Фамилија: Еленчиња
Latreille, 1804
Потфамилии

Aesalinae
Lampriminae
Lucaninae
Syndesinae

Еленчињата (науч. Lucanidae) се фамилија од 1.200 видови на тврдокрилни инсекти што се групираат во четири потфамилии[1] Неки видови достигнуваат 12 см, но највеќето растат до 5 см.


Мажјаците ги користат вилиците за борба со соперници исто како што тоа го прават елените со нивните рогови. Повод за борба се женки за парење и храна како растителни сокови и скапани овошки. Но покрај нивниот застрашувачки изглед, еленчињата не напаѓаат луѓе.

Женките се помали од мажјаците и имаат помали вилици. Додека се ларви, можат да се разпознаат по кремастите јајници што можат да се забележат во подолниот дел на грбот, под кожата.

Ларвите неколку години се хранат со гнили стебла на листопадни дрва, и минуваат низ 3 фази пред конечно да се изведат од кукла во посебна ќелија изработена од дрвени деланки и земја. Во последната фаза, ларвите на некои видови знаат да достигнат големина на човечки прст.

Во Македонија[уреди]

Во Република Македонија живее само еден вид - еленчето (Lucanus cervus). Ова е најголемиот тврдокрилен инсект во земјата, и достигнува до 8 см во должина. Живее највеќе во дабови шуми, во изгниени стебла. Видот е заштитен со закон поради постепеното исчезнување[2].

Еленче (Lucanus cervus) на марка од Македонска пошта (ФДЦ 18/98, 20 октомври 1998)
Еленче во лет

Литература[уреди]

  • Шапкарев, Јонче (1991). „Зоологија на без‘рбетните животни“. Скопје: НИО „Студенски збор“. 

Наводи[уреди]

  1. Smith, A.B.T. (2006) A review of the family-group names for the superfamily Scarabaeoidea (Coleoptera) with corrections to nomenclature and a current classification. The Coleopterists Bulletin 60:144–204.
  2. „V.6.7. Инсекти“. „Оценка за влијанието на животната средина на патната делница Демир Капија-Смоквица“. Градежен институт „Македонија“. 2008. стр. 141. http://www.mtc.gov.mk/new_site/images/storija_doc/1458/PREVOD_na%20EIA%20Report%20-Demir%20Kapija-Smokvica_mkd002.pdf. конс. 15 мај 2011. 

Надворешни врски[уреди]

Галерија на видови[уреди]