Седертелје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Седертелје

Грб
Седертелје се наоѓа во Шведска
Седертелје
Координати: 59°11′ СГШ 17°38′ ИГД / 
Површина
 • Вкупна 25,84 км2
Население (31 декември 2010)
 • Вкупно 64.619 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Портал http://www.sodertalje.se/


Седертелје (шве. Södertälje) е град во Шведска, поточно во источниот дел на државата. Градот се наоѓа во рамките на округот Стокхолм, каде е втор град по значење. Седертелје истовремено е иседиште на истоимената Општина Седертелје.

Природни услови[уреди]

Градот Седертелје се наоѓа во источниот дел на Шведска и Скандинавски полуостров. Од главниот град на државата, Стокхолм, градот е оддалечен 35км западно. Затоа, Седертелје може да се опише како населено место помеѓу обично предградие и самостоен град.

Релјеф[уреди]

Седертелје се формирал во областа на источен Седерманланд. Градското подрачје е претежно бреговите. Надморската височина се движи од 10-50м.

Клима[уреди]

Климата во Седертелје е претежно континентална под големо влијание на морето и крајнит еразгранети делови на топлата Голфска струја. Затоа зимите се благи, а летата се свежи во однос на дадената географска широчина.

Води[уреди]

Седертелје е сместен на источниот Седерталски канал, кој ги спојува езерото Меларен, трето по големина во Шведска, со Балтичко Море. И двете водени точки се оддалечени околу десетици километри од градот. Каналот го дели градот на поголем, западен и помал, источен дел.

Историја[уреди]

Иако подрачјето на градот било населено уште во времето на праисторијата, Седертелје е мал град за шведски услови. Се до средината на 20 век тоа било мало населено место.

Големиот и брз развој, Седертелје го доживува во втората половина на 20 век, со потреба за ослободување од соседниот Стокхолм и од притисокот на претераните доселувања. Тогаш се појавиле повеќе планински градови-предградија во неговата околина.

Население[уреди]

Седертелје денес е град со средна големина за шведските услови. Градот има околу 65,000 жители (податок од 2010 година), а градското подрачје, т.е. истоимената општина има околу 88,000 жители (податок од 2012 година). Последните децении бројот на населението во градот расте.

До срединат ана 20 век, Седертелје бил населен со етнички Швеѓани. Меѓутуа, со зголемувањето на доселувањата во Шведска, населението на градот е доста шаренолико, дури и за условите на космополитска Шведска. Градот има нагјоелм удел во „не-шведско“ население во државата, каде доселениците се од страснтво и тоа дури 29% од населението, а секоја година овој пораст се зголемува за 1,5%. Од доселениците најбројни се: Сириските Арапи, Ирци, Чилеанци, Југословени.

Стопанство[уреди]

Денес Седертелје е современ град со посебно развиена индустрија, посебно со автомобилската (во градот значајни се погоните на „Сканија“ и „Фолксваген“). По две децении посебно се развиени трговијата, услугите и туризмот.

Галерија[уреди]

Извори[уреди]

Надворешни врски[уреди]