Разговор:Наполеон Бонапарт

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Издвоена Битката кај Ватерло во посебна статија[уреди извор]

Како што и Brainmachine предложи тука, се согласувам дека преголем дел од статијата е посветен на битката кај Ватерло, па затоа го преместив тој дел во посебна статија. --Crnorizec 22:52, 11 јуни 2008 (UTC)

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • Податотека наместо Image, вики клучни зборови на македонски.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 04:23, 27 јули 2009 (UTC), управуван од Brest.

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • Наводи наместо Референци, англизам.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 19:22, 2 јуни 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • Пиј наместо Пие, србизам.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 14:38, 9 август 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]

Неколку забелешки[уреди извор]

1. "Но, Наполеон никогаш не бил професионален војник. Карло бил адвокат кој се борел за корзиканската независност, но откако Французите го освоиле островот во 1768, тој служел како обвинител и судија, и влегол во француската аристократија како гроф. За време на влијанието на татко му, Наполеон се изучувал на трошок на кралот Луј XVI, во Брине и Военото училиште, во Париз. Наполеон матурирал во 1785, на возраст од 16 години, и се приклучил на артилеријата како втор наредник."

- Малку е нелогично. Дали сте сакале да кажете дека Карло не бил професионален војник? Бидејќи за Наполеон од понатамошниот текст може да се увиди дека имал солидно војно знаење, а и чин.

2. "Тој бил унапреден во капетан, за опседнувањето на армијата на Тулун, врз основа на тоа морнарицата, потпомогната од Британската флота, Жозефина де Боарне, првата жена на Наполеон предизвикала револт во републиката."

-Простете, но не сфаќам што сакате да кажете со реченицава... и во каква причинско-последична врска се двете дејствија. А ако се земе фактот дека Опсадата на Тулон била во 1793, а бракот помеѓу Наполеон и Жозефина бил склучен во 1796. Како официјална дата кога тие двајца воопшто се запознале стои 15 октомври 1795.

3. "Склучил договор со Кампо Формио со услов Франција да ја задржи завладеаната територија."

Кампо - Формио е место, а не човек или некоја група.

4. "Исто така се согласувал со папата (Конкорд од 1801 година), што придонело Французите да имаат домашна спокојност..."

- Дали се согласувал или не, сметам дека е ирелевантно. Она што е битно е дека француската држава претставувана од Наполеон и тогашниот папа, потпишале Конкордат. Тоа е договор спогодба помеѓу папата и некоја држава.

5. "Битката кај Аустерлиц е една од најдобрите воени судири предводена од Наполеон."

Судир е именка од машки род.

6. "Поскорашните анализи во журналот „Science et vie” ..." Сметам дека посоодветен назив било списание

7. "Наполеоновите радикални реформи во сите делови на Европа и ја подготвувале земјата за револуција." Која земја? Што е идејата на оваа реченица?

8." .. и со право е наречен Наполеон Велики." Искрено, иако имам прочитано многу книги и натписи за Наполеон, ова име го немам сретнато. Би можеле ли да наведете извор?

9. "Во 1812 година, Наполеон, чие сојузништво со Александар I пропаднало, лансирал инвазија на Русија." Според дигиталниот речник на македонскиот јазик, лансира има две значења: 1. Исфрли, исфрла, нешто, пушти, пушта нешто да cе движи. - Напр ракета 2. Изнесе, изнесува нешто пред јавноста.

10. "Според поврзувањето на неговата династија со старите правила во Европа тој се надевал дека неговиот син, кој се родил набргу во 1811 година, ќе биде со поголемо задоволство прифатен од афирмираните монаси."

Не ми е јасен првиот дел од реченицата. Разбирам дека сакате да кажете По поврзувањето на неговата династија, но најверојатно мислите според старите правила во Европа, тој се надевал....

Мислам дека презимето е прифатено како Бонапарта во Македонија и нема потреба да го употребуваме оригиналот. Впрочем би можеле да ги консултирате преводите од француски на македонски на професорите по француски.

LudoPrase8 (разговор) 14:50, 30 август 2015 (CEST)[одговори]

Здраво LudoPrase8, забелешките ти се на место, но кому се обраќаш? Статијата ја пишувале повеќемина, кој кога наишол на време и податоци. Можно е да има и грешки во преведувањето, кога е преведувано од англиски или некој друг јазик. Доколку имаш желба, време и информации, повели поправи ги недостатоците на статијата. Поздрав - Виолетова (разговор) 15:04, 30 август 2015 (CEST)[одговори]