Акбар Велики

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Акбар Велики
Akbar - Project Gutenberg eText 14134.jpg
Акбар Велики
Flag of the Mughal Empire.svg трет Мугалски Император на Индија
На престол 27 јануари 1556 - 25 октомври 1605
(&1000000000000004900000049 години и &10000000000000275000000275 дена)
Крунисување 14 февруари 1556, близу Каланаур, Гурдаспур
Претходник Хумајун
Наследник Џахангир
Регент Бајрам Кан (1556-1561)
Сопружник 36 жени вклучувајчи ја и Маријам-уз-Замани
Деца
Џаханџир, Мурад, Данјал, 6 други ќерки
Полно име
Абу 'л-Фат Џалал уд-дин Мухамед Акбар I
Династија Тимурид
Татко Хумајун
Мајка Хамида Бану Бегум
Роден(а) 14 октомври 1542(1542-10-14)
Умаркот, Синд
Починал(а) 27 октомври 1605(1605-10-27) (на 63 год.)
Фатепур Сикри, Агра
Почивалиште Сикандра, Агра
Вероисповед Дин-и-Илахи

Џелалудин Мухамед Акбар попознат како Акбар Велики (Умаркот, Синд, 15 август 1542 - Агра 16 август 1605) бил владетел на Могулската Империја од 1556 година. Познат е како еден од најголемите и најзначајните владетели на Индија во историјата. Роден е во Иран како бегалец, а на престолот доаѓа како законит наследник на неговиот татко Хумајун на 13 годишна возраст. Тоа е единствениот случај во историјата на могулската династија некој да дојде на власт без војна или крвопролевање.
Неговиот постар брат Мухамед Хаким не се противел на именувањето на Акбар за владетел. Тој е единствениот владетел кој бил потполно неписмен, но имал голема желба за знаење и волја за учење. Иако бил неписмен, "прочитал" стотина свети свитоци и учени текстови така што истите му ги читале неговите дворјани.
На почетокот на своето владеење, до полнолеството државните работи во негово име ги водел Бахрам Кан. Потполно посветен и значително умен и интелигентен човек. Кога Акбар наполнил 18 години, Бахрам Кан се повлекол од јавниот и политички живот а на негово место главното влијание на владетелот го имале неговата дадилка, Махрам Анга. По 1562 година, Акбар владеел потполно самостојно.
Ја зацврстил власта на могулската династија, ја обединил Индија и со многу успешни војни ги проширил границите на државата, кршејќи го отпорот на локалните господари. Со многуте реформи ја зацврстил средишната власт, со поддршка на научници и уметници. Иако бил муслиман, им дозволил на сите слобода на вероисповест и се спротивставувал на верскиот фанатизам. Во обид да се помират хиндусите и муслиманите создал синкретична религија (dīn-i-ilāhī) во која тој бил врховен владетел. Мавзолејот му е изграден 1612.-13. во Сикандер кај Агра.

Акбар Велики
Роден(а): 14 октомври 1542 Починал(а): 27 октомври 1605
Владејачки титули
Претходник
Хумајун
Мугалски Император
1556–1605
Наследник
Џаханџир