Рене Лакост

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Рене Лакост

Жан Рене Лакост 2 јули 1904 - 12 октомври 1996 бил познат француски тенисер и бизнисмен, наречен „крокодилот“ од навивачите поради своето кавгаџиство на теренот. Денес е најпознат како основач на марката на спортска опрема „Лакост“ со знакчето на алигаторот.

Во периодот од 1920-1930 бил еден од најдобрите светски тенисери и број еден во 1926 и 1927. Во 1933 ја основал фирмата за спортски маички со Андре Гилие. Во 1963 вовел револуција во технологијата на тениските рекети со употребата на челични цевки за рамот, наместо дотогаш стандардните дрвени рамки.

Гренд слем резултати[уреди]

Отворено првенство на Франција

  • Шампион поединечно: 1925, 1927, 1929
  • Финалист поединечно: 1926, 1928
  • Шампион во двојки: 1925, 1929
  • Финалист во двојки: 1927

Вимблдон

  • Шампион поединечно: 1925, 1928
  • Финалист поединечно: 1924
  • Шампион во двојки: 1925

Отворено првенство на САД

  • Шампион поединечно: 1926, 1927
  • Финалист во мешани: 1926, 1927

Надворешни врски[уреди]