Територија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Во меѓународната политика, a територија (од лат. territorium = простор, подрачје[1]) e несуверена географска област што е под власт на друга управа (влада) и/или нема право на самоуправа како редовните административни единици.

Видови на административни и/или политички територии:

  • многу видови на правно управувани територии кои се несуверени географски подрачја под власта на некоја влада со различен степен на локална самоуправа.

На пример, Американска Самоа, Гуам и Порторико се територии под управа на САД со различен степен на автономија. Similarly, with regard to the покраините и териториите на Канада, главната разлика помеѓу покраините и териториите се состои во тоа што федералната влада има понепосредна контрола врз териториите, додека покраините имаат свои влади ополномоштени според уставот. Истата разлика може да се забележи и кај државите и териториите на Австралија. Поранешната британска крунска колонија Хонгконг која подоцна станала зависна британска територија (денешен израз: „прекуморска територија“) поради Законот за британската националност од 1981 г. се нарекувала „територија“ сè до нејзиното преземање од страна на Кина, т.е. со со престанок на британскиот суверенитет во Хонгконг.

  • Окупирана територија, во регион воено запоседнат од странска земја без притоа да го припои кон себе. Примери за окупирана територија се Македонија окупирана од Царството Бугарија за време на Втората светска војна, Кувајт по краткотрајниот напад од Ирак во 1990, Ирак по американската инвазија во 2003, Авганистан од советска контрола (1979-1989) и Косово по 1999.
  • Локална управна единица. Подрачјето на Советот на Четемски Острови се нарекува „Територија на Четемските Острови“, иако правно гледано е составен дел од Нов Зеланд.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „територија“. „Лексикон на македонскиот јазик“. Он.нет. 2011. http://rechnik.on.net.mk/#/recnik/mk-leksikon/територија. конс. 25 август 2011.