Меѓународен кривичен суд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Меѓународниот Кривичен Суд (МКС) е основан како постојан трибунал за гонење на лица за геноцид, злосторства против човештвото, воени злосторства и за кривичното дело агресија, иако во врска со последното се уште не ја врши својата надлежност. Судот може да гони само за дела сторени на или по 1 јули 2002 година, датум кога неговиот основачки договор, Римскиот статут за Меѓународниот Кривичен Суд, стапи во сила.

Во моментов 104 држави се членки на Судот, а уште 41 го имаат потпишано, но не и ратификувано Римскиот статут. Сепак, некои важни држави, како САД, Кина и Индија, се спротивставуваат на МКС и не се негови членки. Република Македонија го има потпишано и ратификувано Римскиот статут, односно е земја-членка на Судот.

МКС има надлежност да делува само во случаи кога обвинетиот е државјанин на држава членка на Судот, кога наводното кривично дело се случило на територијата на некоја држава членка, или кога Советот за Безбедност на Обединетите Нации ќе пријави одредена ситуација пред Судот. МКС ги надополнува националните судски системи, односно тој единствено може да ја врши својата надлежност кога националните судови не сакаат или не можат да ги истражуваат или гонат кривичните дела што се во надлежност на Судот.

Официјално седиште на Судот е во Хаг, Холандија, но неговите рочишта можат да се одвиваат каде било. Меѓународниот Кривичен Суд не е поврзан и не смее да се меша со Меѓународниот Суд на Правдата, кој е орган на Обединетите Нации кој ги решава споровите помеѓу државите.

Надворешни врски[уреди]