Вистината преовладува
Вистината преовладува (чешки: Pravda vítězí) е националното гесло на Чешката Република, кое е испишано на банерот на чешкиот претседател и истото е наведено во чешкиот устав.[1]
Потекло и значење [уреди]
Геслото е напишано и на споменикот Јан Хус во Прага. Денес се верува дека истото потекнува од фразата на Јан Хус: „Барај ја вистината, слушни ја вистината, научи ја вистината, сакај ја вистината, зборувај ја вистината, држи се до вистината и брани ја вистината до смрт“.[2] „Вистината преовладува“ било усвоено како гесло од првиот претседател на Чехословачка Томаш Масарик во 1918 година.[2]
Концептот на вистината има долга традиција во чешката политичка мисла. Јан Хус и Јан Амос Комениј ја поврзале вистината со теолошките аспекти, додека етичките погледи на Масарик биле поставени наспрема лагата.[3]
Наводи [уреди]
- ↑ „Czech Republic - Constitution“. Servat.unibe.ch. 16 Dec 1992. http://www.servat.unibe.ch/icl/ez00000_.html. проверено на 6 Nov 2011.
- ↑ 2,0 2,1
- пренасочување Шаблон:Наведена книга
- ↑ Gordon, Dane R. (1998). „Philosophy in post-communist Europe“. Rodopi. стр. 57. ISBN 9042003588.

