Департмани во Франција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на департманите во Франција со нивните управни седишта (префектури).

Департманите во Франција (француски: département) и многу поранешни колонии се крупни административни единици. Во склоп на Република Франција постои 101 департман, групирани во 13 региони во Франција и 5 региони во прекуморски територии, и сите имаат сосем ист правен статус како делови од Франција. Департманите се поделени на 332 окрузи, кои пак се делат на кантони. Секој кантон се состои од неколку општини општини. Во прекуморските територии, некои општини играат улога на департмани.

Општи особености[уреди | уреди извор]

Административниот центар на департманот се нарекува префектура (préfecture или chef-lieu de department) и обично е некој поважен град некаде во средиштето на департманот. Ова потекнува од времето кога било кое место највеќе за едно деноноќие (24 часа). Префектурата не мора да е најголемиот град во департманот. Потоа департманите се делат на еден или повеќе окрузи. Седиштето на округот се нарекува потпрефектура (sous-préfecture или chef-lieu d'arrondissement).

Секој департман има свој управен орган — генерален совет (conseil général).[1] Ова е собрание со пратеници избрани со општи избори на мандат од 6 години , со тоа што претседателот на советот е извршен функционер на департманот, т.е. префект. Префектот има свои помошници — потпрефекти (sous-préfet) зависно од потпрефектурите во департманот.

Департманите понатаму се делат и на општини под управа на општински совет. Во 1999 г. во Франција постоеле 36.779 општини.

Во континентална Франција, средната површина на департманите изнесува 5.965 км2, што е за 2,5 пати поголема од онаа на церемонијалните грофовии во Англија. Во 2001 г. средниот број на жители на департманите во континентална Франција изнесувал 511.012 жители, што е 21 пати поголема од онаа кај окрузите во САД, но помалку од 2/3 од онаа на церемонијалните грофовии во Англија. Највеќето департмани зафаќаат површина од 4.000 до 8.000 км, а населението брои од 250.000 до 1 милион жители. Најголема површина има Жиронда (10.000 км2), а најмала има градот Париз (105 км2). Најнаселен департман е Север (2.550.000), а најмалку жители има Лозер (74.000).

Секој департман има свој двоцифрен број, кој стои во месниот поштенски број, во INSEE-кодовите (и матичниот број) и на регистарските таблички. Бројот 96 го користи Монако. Заедно со државниот код FR (од ISO 3166-1 алфа-2), бројките ги образуваат кодовите во ISO 3166-2 за континенталните департмани. Прекурмоските департмани имаат по две букви за ISO 3166-2 код, како на преката 971 за Гваделуп. До 2018 г. Корзика била поделена на два департмана (Горна и Јужна), кои ги имале броевите 2A и 2B наместо денешниот 20 за целата Корзика усвоен со нејзиното спојување.

Список[уреди | уреди извор]

Сите департмани имаат свој штит како обележје, но не сите се официјални или во службена употреба. Таму кајшто не се официјални се користи посовремен амблем. Самата Франција во целина нема грб (поради аристократското потекло на хералдиката). Овој обичај важи и за месните управни органи во голем број департмани.

Код Грб 1 Департман Француски Префектура Регион Наречен по
01 Грб на Ен Ен Ain Бург ан Брес  Оверњ-Рона-Алпи реката Ен
02 Грб на Ена Ена Aisne Лан  Горна Франција реката Ена
03 Грб на Алие Алие Allier Мулен  Оверњ-Рона-Алпи реката Алие
04 Грб на Горнопровансалските Алпи Горнопровансалски Алпи Alpes-de-Haute-Provence Дињ ле Бен  Прованса-Алпи-Азурен Брег Алпите во областа Прованса
05 Грб на Горните Алпи Горни Алпи Hautes-Alpes Гап  Прованса-Алпи-Азурен Брег Алпите
06 Грб на Приморските Алпи Приморски Алпи Alpes-Maritimes Ница  Прованса-Алпи-Азурен Брег Алпите
07 Грб на Ардеш Ардеш Ardèche Прива  Оверњ-Рона-Алпи реката Ардеш
08 Грб на Ардените Ардени Ardennes Шарлевил Мезјер  Голем Исток Арденската Шума
09 Грб на Арјеж Арјеж Ariège Фоа  Окситанија реката Арјеж
10 Грб на Об Об Aube Троа  Голем Исток реката Об
11 Грб на Од Од Aude Каркасон  Окситанија реката Од
12 Грб на Аверон Аверон Aveyron Родез  Окситанија реката Аверон
13 Грб на Устието на Рона Устие на Рона Bouches-du-Rhône Марсеј  Прованса-Алпи-Азурен Брег устието на реката Рона
14 Грб на Калвадос Калвадос Calvados Кан  Нормандија карпите Калвадос
15 Грб на Кантал Кантал Cantal Оријак  Оверњ-Рона-Алпи масивот Кантал
16 Грб на Шаранта Шаранта Charente Ангулем  Нова Аквитанија реката Шаранта
17 Грб на Приморска Шаранта Приморска Шаранта Charente-Maritime Ла Рошел  Нова Аквитанија реката Шаранта
18 Грб на Шер Шер Cher Бурж  Центар-Долина на Лоара реката Шер
19 Грб на Корез Корез Corrèze Тил  Нова Аквитанија реката Корез
20 Грб на Корзика Корзика Corse Ајачо  Корзика островот Корзика
21 Грб на Златниот Брег Златен Брег Côte-d'Or Дижон  Бургундија-Франш Конте поетска претстава за бургундските лозја
22 Грб на Арморските Брегови Арморски Брегови Côtes-d'Armor Сен Брие  Бретања древната област Арморика
23 Грб на Крез Крез Creuse Гере  Нова Аквитанија реката Крез
24 Грб на Дордоња Дордоња Dordogne Периге  Нова Аквитанија реката Дордоња
25 Грб на Ду Ду Doubs Безансон  Бургундија-Франш Конте реката Ду
26 Грб на Дром Дром Drôme Валанс  Оверњ-Рона-Алпи реката Дром
27 Грб на Ер Ер Eure Евре  Нормандија реката Ер
28 Грб на Ер и Лоар Ер и Лоар Eure-et-Loir Шартр  Центар-Долина на Лоара реките Ер и Лоар
29 Грб на Финистер Финистер Finistère Кемпер  Бретања лат. Finis Terræ („крај на земјата“)
30 Грб на Гар Гар Gard Ним  Окситанија реката Гардон
31 Грб на Горна Гарона Горна Гарона Haute-Garonne Тулуза  Окситанија реката Гарона
32 Грб на Жер Жер Gers Ош  Окситанија реката Жер
33 Грб на Жиронда Жиронда Gironde Бордо  Нова Аквитанија естуарот Жиронда
34 Грб на Еро Еро Hérault Монпелје  Окситанија реката Еро
35 Грб на Ил и Вилен Ил и Вилен Ille-et-Vilaine Рен  Бретања реките Ил и Вилен
36 Грб на Ендр Ендр Indre Шатору  Центар-Долина на Лоара реката Ендр
37 Грб на Ендр и Лоара Ендр и Лоара Indre-et-Loire Тур  Центар-Долина на Лоара реките Ендр и Лоара
38 Грб на Изер Изер Isère Гренобл  Оверњ-Рона-Алпи реката Изер
39 Грб на Јура Јура Jura Лон ле Соње  Бургундија-Франш Конте пл. венец Јура
40 Грб на Ланд Ланд Landes Мон де Марсан  Нова Аквитанија Ландската Шума
41 Грб на Лоар и Шер Лоар и Шер Loir-et-Cher Блоа  Центар-Долина на Лоара реките Лоар и Шер
42 Грб на Лоара Лоара Loire Сент Етјен  Оверњ-Рона-Алпи реката Лоара
43 Грб на Горна Лоара Горна Лоара Haute-Loire Ле Пиј ан Веле  Оверњ-Рона-Алпи реката Лоара
44 Грб на Атланта Лоара Атлантска Лоара Loire-Atlantique Нант  Лоарски Крај реката Лоара
45 Грб на Лоаре Лоаре Loiret Орлеан  Центар-Долина на Лоара реката Лоаре
46 Грб на Лот Лот Lot Каор  Окситанија реката Лот
47 Грб на Лот и Гарона Лот и Гарона Lot-et-Garonne Ажен  Нова Аквитанија реките Лот и Гарона
48 Грб на Лозер Лозер Lozère Манд  Окситанија планината Лозер
49 Грб на Мен и Лоара Мен и Лоара Maine-et-Loire Анже  Лоарски Крај реките Мен и Лоара
50 Грб на Манш Манш Manche Сен Ло  Нормандија протокот Ламанш
51 Грб на Марна Марна Marne Шалон ан Шампањ  Голем Исток реката Марна
52 Грб на Горна Марна Горна Марна Haute-Marne Шомон  Голем Исток реката Марна
53 Грб на Мајен Мајен Mayenne Лавал  Лоарски Крај реката Мајен
54 Грб на Мерт и Мозел Мерт и Мозел Meurthe-et-Moselle Нанси  Голем Исток реките Мерт и Мозел
55 Грб на Меза Меза Meuse Бар ле Дик  Голем Исток реката Меза
56 Грб на Морбијан Морбијан Morbihan Ван  Бретања заливот Морбијан
57 Грб на Мозел Мозел Moselle Мец  Голем Исток реката Мозел
58 Грб на Њевр Њевр Nièvre Невер  Бургундија-Франш Конте реката Њевр
59 Грб на Севр Север Nord Лил  Горна Франција север
60 Грб на Оаза Оаза Oise Бове  Горна Франција реката Оаза
61 Грб на Орн Орн Orne Алансон  Нормандија реката Орн
62 Грб на Па де Кале Па де Кале Pas-de-Calais Арас  Горна Франција Доверскииот (Калеански) Проток
63 Грб на Пиј де Дом Пиј де Дом Puy-de-Dôme Клермон Феран  Оверњ-Рона-Алпи вулканот Пиј де Дом
64 Грб на Атлантските Пиринеи Атлантски Пиринеи Pyrénées-Atlantiques По  Нова Аквитанија Пиринеите
65 Грб на Горните Пиринеи Горни Пиринеи Hautes-Pyrénées Тарб  Окситанија Пиринеите
66 Грб на Источните Пиринеи Источни Пиринеи Pyrénées-Orientales Перпињан  Окситанија Пиринеите
67 Грб на Долна Рајна Долна Рајна Bas-Rhin Стразбур  Голем Исток реката Рајна
68 Грб на Горна Рајна Горна Рајна Haut-Rhin Колмар  Голем Исток реката Рајна
69 Грб на Рона Рона Rhône Лион (привремено)  Оверњ-Рона-Алпи реката Рона
69M Грб на Лион Метропола Лион[2] métropole de Lyon Лион  Оверњ-Рона-Алпи градот Лион
70 Грб на Горна Сона Горна Сона Haute-Saône Везул  Бургундија-Франш Конте реката Сона
71 Грб на Сона и Лоара Сона и Лоара Saône-et-Loire Макон  Бургундија-Франш Конте реките Сона и Лоара
72 Грб на Сарта Сарта Sarthe Ле Ман  Лоарски Крај реката Сарта
73 Грб на Савоја Савоја Savoie Шамбери  Оверњ-Рона-Алпи областа Савоја
74 Грб на Горна Савоја Горна Савоја Haute-Savoie Анси  Оверњ-Рона-Алпи областа Савоја
75 Грб на Париз Париз Paris Париз  Ил де Франс градот Париз
76 Грб на Приморска Сена Приморска Сена Seine-Maritime Руан  Нормандија реката Сена
77 Грб на Сена и Марна Сена и Марна Seine-et-Marne Мелен  Ил де Франс реките Сена и Марна
78 Грб на Ивлин Ивлин Yvelines Версај  Ил де Франс шумата Ивлин (Рамбујска)
79 Грб на Де Севр Де Севр Deux-Sèvres Њор  Нова Аквитанија реките Нантски и Њортски Севр
80 Грб на Сома Сома Somme Амјен  Горна Франција реката Сома
81 Грб на Тарн Тарн Tarn Алби  Окситанија реката Тарн
82 Грб на Тарн и Гарона Тарн и Гарона Tarn-et-Garonne Монтобан  Окситанија реките Тарн и Гарона
83 Грб на Вар Вар Var Тулон  Прованса-Алпи-Азурен Брег реката Вар
84 Грб на Воклиз Воклиз Vaucluse Авињон  Прованса-Алпи-Азурен Брег карстното врело Воклиз
85 Грб на Вандеја Вандеја Vendée Ла Рош на Јон  Лоарски Крај реката Вандеја
86 Грб на Вјена Вјена Vienne Поатје  Нова Аквитанија реката Вјена
87 Грб на Горна Вјена Горна Вјена Haute-Vienne Лимож  Нова Аквитанија реката Вјена
88 Грб на Вогезите Вогези Vosges Епинал  Голем Исток пл. венец Вогези
89 Грб на Јона Јона Yonne Осер  Бургундија-Франш Конте реката Јона
90 Грб на Територијата Белфор Територија Белфор Territoire de Belfort Белфор  Бургундија-Франш Конте градот Белфор
91 Грб на Есона Есона Essonne Еври  Ил де Франс реката Есона
92 Грб на Сенски Висови Сенски Висови Hauts-de-Seine Нантер  Ил де Франс реката Сена
93 Грб на Сена-Сен Дени Сена-Сен Дени Seine-Saint-Denis Бобињи  Ил де Франс реката Сена
94 Грб на Долината на Марна Долина на Марна Val-de-Marne Кретеј  Ил де Франс реката Марна
95 Грб на Оаза Долина на Оаза Val-d'Oise Понтоаз  Ил де Франс реката Оаза
971 Грб на Гваделуп Гваделуп 16 Guadeloupe Бас Тер  Гваделуп островот Гваделуп
972 Грб на Мартиник Мартиник 16 Martinique Фор де Франс  Мартиник островот Мартиник
973 Грб на Гвајана Гвајана 16 Guyane Кајена  Француска Гвајана областа Гвајани
974 Грб на Реинион Реинион 16 La Réunion Сен Дени  Реинион островот Реинион
976 Грб на Мајот Мајот 17 Mayotte Мамуѕу  Мајот островот Мајот

Белешки:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ministère de l'intérieur. „Les élections départementales : comprendre ce qui change“. Архивирано од изворникот на 2016-08-10. Посетено на 30 јули 2015.
  2. Метропола со статус на територијална заедница