Алби
- За градот во Калабрија, Италија, види Алби, Италија.
43°55′44″N 2°08′47″E / 43.928889°N 2.146389°E
|
Алби |
|
| Управа | |
|---|---|
| Земја | Франција |
| Регион | Југ-Пиринеи |
| Департман | Тарн |
| Округ | Алби |
| Општ. заедница | Албијци |
| Градоначалник | Филип Бонкарер (од 2001) (2008–2014) |
| статистики | |
| Надм. вис. | 130–308 m (430–1.000 ft) (прос. 169 m/550 ft) |
| Површина1 | 4.426 km2 (1,709 sq mi) |
| Население2 | 51.302 (2007) |
| - Густина | 1.159 /km2 (3,000 /sq mi) |
| INSEE/Пошт. бр. | 81004/ 81000 |
| 1 Податоци од Катастарот на Франција. Не се вбројуваат езера, бари, глечери и речни утоки поголеми од 1 км². | |
| 2 Единечно сметање на населението: жителите на повеќе општини (на пр. студенти, воени лица) се бројат само еднаш. | |
Алби (француски: Albi) е општина во јужна Франција. Тоа е главен град на департманот Тарн. Се наоѓа на реката Тарн, 50 милји северно од градот Тулуз. Епископскиот град во центарот на денешниот град, околу градската катедрала, е ставен под заштита на УНЕСКО како дел од светското културно наследство во 2010.[1]
Содржина |
[уреди] Администрација
Алби е седиште на 6 кантони, кои покриваат 18 општини, со број на жители: 67,729.
[уреди] Историја
Првата човечка населба датира од Бронзено доба.
По римското освојување на Галија во 51 п.н.е., градот станал "Civitas Albigensium", територија на Албигејците, "Albiga". Според археолошките наоѓалишта, Алби бил скромен римски град.
Во 1040, Алби минува низ период на експанзија со градењето на Стариот Мост (Pont Vieux). Биле изградени нови населби и градот почнал да расте.
Во 1208, Папата и францускиот крал ги соединиле силите за да се борат против Катарите, кои развиле своја верзија на христијанство (опасен ерес за доминантната христијанска црква).
Од 1450 до 1560, Алби почнал трговски да се развива а се развивала и архитектурата.
[уреди] Главни обележја
Алби е изграден околу оригиналната катедрала и групација на други зданија кои зафаќаат 63 хектари површина. Црвените плочки и цигли се главното обележје на овие зданија.
Заедно со Тулуз и Монтобан, Алби е еден од поголемите градови изградени во Лангдок.
Споменик на градот е катедралата Сент-Сесил. Овој споменик е ремек-дело на јужниот готски стил.
Постара од Папската Палата во Авињон, Бизбиевата Палата, поранешната бискупска палата на Алби, сега Музеј на Анри де Тулуз-Лотрек, е еден од најстарите и најдобро сочуваните замоци во Франција. Оваа импозантна тврдина била завршена на крајот на 13-от век. Нејзиното име потекнува од окситанскиот збор Bisbia, што значи Палата на бискупите.
Стариот Мост (Pont Vieux) се користи и денес после скоро илјада години постоење. Оригинално изграден од камен (во 1035), потоа обложен со цигли, стои на 8 свода и е долг 151 метри. Во 14-от век, бил појачан.
Алби е дом на Музејот на Тулуз Лотрек. Повеќе од 1000 дела, вклучувајќи и 31 познат постер, се чуваат меѓу овие ѕидини. Оваа колекција е најголемата јавна колекција на светот посветена на Анри де Тулуз-Лотрек.
[уреди] Географија
[уреди] Клима
Алби има океанска клима. Како речиси цела југозападна Франција, летата се со тенденција да бидат потопли а зимите благи. Поради повремените летни дождови неговата клима не е класифицирана како медитеранска.
| Климатски податоци за Алби | |||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
| Просечна висока °C (°F) | 9.1 (48.4) |
11.4 (52.5) |
14.3 (57.7) |
16.5 (61.7) |
20.8 (69.4) |
24.2 (75.6) |
27.9 (82.2) |
27.8 (82) |
24.6 (76.3) |
19.3 (66.7) |
13.1 (55.6) |
10.2 (50.4) |
18,3 (64,9) |
| Просечна ниска °C (°F) | 1.3 (34.3) |
2.2 (36) |
3.8 (38.8) |
5.8 (42.4) |
9.8 (49.6) |
12.9 (55.2) |
15.2 (59.4) |
15.2 (59.4) |
12.1 (53.8) |
9.2 (48.6) |
4.5 (40.1) |
2.5 (36.5) |
7,9 (46,2) |
Грешка: {{{temperature colour}}} не претставува важечка алтернатива за температурна боја. Користете |temperature colour=pastel или пак отстранете го параметарот temperature colour од стандардната обоеност. |
|||||||||||||
| Сончеви часови | 105 | 122 | 183 | 178 | 228 | 225 | 259 | 256 | 202 | 139 | 95 | 86 | 2.078 |
| Извор: Météo France[2] | |||||||||||||
[уреди] Транспорт
Во Алби има две железнички станици на линии од Тулуз до Родез:
Автопатот A68 го поврзува Алби со Тулуз (и Лион N88 , идниот автопат).
[уреди] Збратимени градови
Алби е збратимен со:
[уреди] Надворешни врски
- Биро за туризам на Алби
- Официјална веб страна на Алби на англиски јазик
- Официјалната страна на Алби на француски јазик
- Посетете го Алби (на англиски)
- Алби со фотографии,историја итн. (на англиски)
[уреди] Наводи
- ↑ http://whc.unesco.org/en/news/643/
- ↑ „Алби“ (на French). Météo France. http://france.meteofrance.com/france/climat_france?CLIMAT_PORTLET.path=climatstationn%2F81284001. проверено на 17 January 2010.[мртва врска]
|
||||||||