Версај (град)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Версај

Eglise notre dame versailles façade.jpg
Нотр-Дам катедралата во Версај
Управа
Земја Франција
Регион
Департман
Округ Версај
Кантон Седиште на 3 кантони
Општ. заедница Гранд Парк
Градоначалник Франсоа де Мазиер
(2008-)
Статистики
Надм. вис. 103–180 м
(прос. 132 м)
Површина1 26,18 км²
Население1 86.400 жит.  
 - Ранг 46-ти град во Франција по број на население
 - Густина 3300 жит/км²
INSEE/Пошт. бр. 78646/ 78000
2 Единечно сметање на населението: жителите на повеќе општини (на пр. студенти, воени лица) се бројат само еднаш.

Версај е некогашен главен град на кралството Франција, денес претставува богато предградие на Париз и се‘ уште е значаен административен и правен центар. Градот (општина) Версај, лоциран во западното предградие на Париз, 17.1 км од центарот на Париз е француски град во департманот Ивлин (регион Ил де Франс). Според пописот од 2005, бројот на жители во градот изнесува 86,400, а најмногу - 94,145 жители има во 1975. Версај стана светски познат по Версајскиот дворец , на чиј простор настанал градот.


Престол на моќта[уреди]

Версај бил неофицијален главен град на кралството Франција од мај 1682г. (кога кралот Луј XIV гo преместил кралскиот дворец во Версај) до септември 1715г. (смртта на Луј XIV и регенството на Филип д`Орлеан, кој повторно го вратил во Париз, а потоа од јуни 1722 (кога Луј XV се вратил во Версај) до октомври 1789г. (кога Луј XVI бил принуден од жителите на Париз да се врати назад). За време на тој период Париз останува официјален главен град на Франција, а официјален кралски дворец бил Лувр . Но, во практиката со државните работи раководел Версај , и истиот се сметал за главен град.

Версај повторно станал неофицијален главен град на Франција од март 1871г. (кога француската влада наоѓа засолниште во Версај, поради востанието во Париз) па се до ноември 1879г. (кога новоизбраните леви републиканци ги релоцираат владата и парламентот во Париз).

Версај станал центар на департментот Сена и Оизе во март 1790г. (кога се оформил, имал приближно 100.400 жители). До 1960г., со проширувањето на предградијата на Париз, департментот Сена и Оизе достигнал 3 милиони жители и станал преголем и било невозможно да се управува, па затоа во јануари 1968 поделен е на три департмента. Версај станува центар на департментот Ивелин, најголемиот дел од департментот Сена и Оизе. Според пребројувањето на населението во 1999г. департментот Ивелин имал 1.354.304 жители.

Версај е седиште на Римо-католичката епархија која е основана во 1790г.. Во 1975г. Версај станал седиште на апелациониот суд под чија јурисдикција спаѓаат западните предградија на Париз. Од 1972г., Версај е и резиденција на една од 30-те општонародни академии на министерството за образование на Франција. Версајската академија, која според бројот на своите ученици и студенти е најголема од 30-те академии, е одговорна за сите основни и средни училишта во западните предградија на Париз. Исто така Версај претставува важна позиција за француската армија, традиција која навраќа на монархијата, на пример со воениот лагер и други институции.



Географија[уреди]

Версај се наоѓа 17.1 километри (10.6 милји) југозападно од центарот на Париз. Градот лежи на издигнато плато 130-140 метри над морската површина (додека височината на центарот на Париз е само 33 метри надморска височина) и е заобиколен од ридови со шума...

Градот Версај зафаќа површина од 26.18 km² (10.11 милји2 или 6 469 акри), што претставува 1/4 од целата површина на Париз.Во 1999г. Версај има густина на населението 3 275/км2 (8 481/милји2), а Париз 20,164/км2 (52,225/милји2).

Создаден според волјата на кралот градот има рационален и симетричен распоред на улиците. Според стандардите на XVIII век, Версај бил многу современ европски град. Тој е искористен како модел за градењето на Вашингтон ДС од Пјер Чарлс Л'Енфант.


Историја[уреди]

Името Версај за прв пат се појавува во средновековен документ од 1038 г. Во феудалниот систем на средновековна Франција, господарите на Версај биле командувани директно от кралот, без посредници меѓу нив. На крајот на XI век селото се здобива со средновековен замок и со црквата Свети Џулиен. Фармерската дејност и положбата на Версај на патот од Париз до Дре и Нормандија придонесуваат за развојот на селото, кој го достигнала својот врв во крајот на XIII век, т.н. "век на Свети Луј" , период кој е познат по процутот на северна Франција и изградбата на готски катедрали. Но, XIV век ги донесол Чумата и Стогодишната војна, а заедно со тоа смрт и уништување. На крајот на Стогодишната војна во XV век, селото започнува да се обновува и има само 100 жители. Во 1561 г. Маршал де Ломение, секретар на финансовиот штаб на кралот Чарлс IX, станал господар на Версај. Тој добил дозвола да воведе 4 годишни такси и неделен пазар секој четврток. Тогаш во Версај живеат 500 жители. Маршал де Ломение е убиен во масакрот на денот на Св. Бартоломеј (24 август, 1572). Во 1575 г. Алберт де Гонди од Фиренца, дошол во Франција заедно со Катерина де`Медичи,и купил имот во Версај.

Луј XIII[уреди]

Луј XIII

Од тогаш Версај станал сопственост на фамилијата Гонди, богати и влијателни парламентарци во Париз. Неколку пати во текот на првата декада на XVII век, семејството Гонди го канеле кралот Луј XIII на лов во пространите шуми на Версај. Во 1622 г. кралот станал сопственик на дел од шумите за негова лична употреба. Во 1624 г. купил земја и му наредил на Филиберт Ле Рој да изгради мал " џентлменски замок" за ловење, од камен и црвени тули со темносив покрив. На 10 ноември, 1630 г. во овој мал замок се случил еден познат историски настан, страната на кралицата претрпила пораз, а Ришелио бил избран за премиер. Подоцна, во 1632 г. кралот целосно ја добил власта во Версај од фамилијата Гонди. Замокот бил проширен во периодот од 1632 до 1634 г. По смртта на Луј XIII во 1643 г. селото имало 1 000 жители.

Луј XIV[уреди]

Кралот Луј XIV, син на Луј XIII, имал само 5 години кога починал татко му. Додека станал полнолетен неговата мајка, Ана Австријска управувала како регент. Во 1661 г, 20 години покасно, Луј XIV започнал лично да управува, така што младиот крал покажал интерес за Версај. Идејата да го напушти Париз, каде што како дете го доживеал првото востание на Фронда , не го оставила никогаш. Тој им наредил на своите архитекти Ле Во и Ле Нотр да го преуредат замокот на татко му заедно со паркот за да бидат соодветни за кралски личности. Во 1678 , кралот решил дека дворецот и управата треба да бидат во Версај, и тоа се случило на 6 мај 1682. Во исто време се појавил еден нов град, како резултат на остроумниот декрет на Луј XIV, од 22 мај 1671 г, со кој кралот дозволува секој да може да добие парче земја бесплатно. За тоа било потребно да се исполнуваат само два услови - првиот бил годишна такса от 5 шилинга, која се плаќа за 93m2, а вториот – куќите треба да бидат изградени според плановите на кралските архитекти. Тоа би довело до симетричност на градот. Покривите на зградите и куќите во Версај не требало да го надминуваат нивото на Мраморниот двор на влезот во дворецот (изграден на рид над градот), за да не се попречува видикот од замокот. Старото село и црквата Свети Жулиен биле урнати, за да се направи место за нови згради за сместување на управните служби кои го водат дневниот ред во замокот. Од двете страни на париската авенија биле изградени квартовите Нотрдам и Свети Луј, со нови големи цркви, пазари, аристократски куќи, изградени во хармоничен стил според моделите на видни француски архитекти. Малку по малку сите оние кои сакале или морале да живеат блиску до политичката власт се преселувале во Версај. Со смртта на „Кралот Сонце“ во 1715 г. селото Версај прераснало во град со приближно 30 000 жители.

Версај во 1789г.

Луј XV и Луј XVI[уреди]

Кога кралското семејство на Луј XV се вратило во Версај во 1722 г, градот имал 24 000 жители.Со управувањето на Луј XV, Версај се зголемил уште повеќе. Версај бил престолнина на најмоќното кралство во Европа, и цела Европа ги прифатила новите трендови во архитектурата и дизајнот кои доаѓале од Версај. Набргу, строгите правила за градењето, поставени од Луј XIV почнале да не се почитуваат, и повеќето од работите, коишто крал Луј XIV ги давал бесплатно сега биле продавани по високи цени. Во 1744 г. во Версај живееле 37 000 граѓани. Изгледот на градот значително се променил во времето на кралевите Луј XV и Луј XVI. Зградите станале повисоки.. Кралот Луј XV основал Воено министерство и Министерство за внатрешни работи (кадешто во 1783 г. со Велика Британија бил подпишан Договорот од Париз, ставајќи крај на Американска војна за независиност) и Морско-воено министерство. До 1789 г. бројот на жители во Версај достигнало 60 000 жители [1] и градот станал седми или осми најголем град во Франција и еден од најголемите во цела Европа.

Француска револуција[уреди]

Како седиште на политичката власт, Версај станувал колевка на Француската револуција. Точно таму, на 4 август, 1789г. бил ставен крај на феудализмот. На 5 и 6 октомври 1789 г. огромна толпа од парижани упаднала во замокот и го принудила кралското семејство да се врати во Париз. Набргу, по заминувањето на кралот во Париз, Версај ја изгубил својата улогата на седиште. Оттогаш, Версај изгубил и голем дел од своите жители. Од 60 000, бројот на жители во 1806 г.се намалил на 26 974. Замокот, кој бил демонтиран за време на Француската револуција, останал напуштен, единствено Наполеон преспал таму една ноќ, а потоа го напуштил градот за свое добро. Кралицата Сузан Емануел го спасила дворецот од целосно опустошување, така што го преобразува во Национален музеј посветен на "величеството на Франција" во 1837 г. Версај бил место за поклонување на луѓето кои биле носталгични по старата монархија.

19-ти и 20-ти век[уреди]

Француско-Пруската војна во1870г.одново го вратила Версај во центарот на вниманието. На 18 јануари, 1871 г. германците, кои извојувале победа, за крал на Прусија го прогласуваат Вилхелм I, император на Германија, за да се одмаздат за завојувањето на Луј XIV два века порано. Потоа, во март следната година, востанието на Париската комуна ја принудило Француската влада да се пресели во Версај, од каде што е задушено востанието. По задушувањето на востанието, владата и парламентот на Франција останале таму, па дури се размислувалои за преместување на седиштето во Версај за да се избегне револуционерното расположение на Париз во иднина. Реконструкцијата на монархијата била реализирана во 1873г. Версај повторно станал политички центар на Франција, исполнет со бучава, а бројот на населението во1872г.[2] се зголемил на 61 686 жители и се совпаѓа со рекордниот број на население во времето на Француската револуција пред 83 години. Кога републиканците ги добиле изборите, партиите, кои го поткрепувале враќањето на монархијата, биле поразени и новото мнозинство решило власта да биде преместена во Париз во ноември 1879г., а Версај доживеал нов бран на иселување (во градот останале 48.324 жители според пописот во 1881г.). После тоа Версај никогаш повеќе не бил сметан за главен град на Франција, но,од присуството на францускиот парламент во седумдесеттите години на XIX век на градот му останал огромен салон во едно од крилата на дворецот, кој бил користен од страна на францускиот парламент за време на конгресот за подобрување на Француската конституција. Во 1911г.одново се зголемил бројот на жители во Версај на 60 458. Во 1919г. кон крајот на Првата светска војна, градот повторно бил во центарот на вниманието, со тоа што на крајот на војната во замокот биле потпишани голем дел од договорите. После 1919г. париските преградија започнале да се прошируваат и градот доживеал силен демографски и економски развој, претворајќи се во големо предградие на престолнината. Улогата на Версај како административен и судски центар е засилена во шеесеттите и седумдесеттите години на XX век и на некој начин тој станал главен центар на западните преградија на Париз. Центарот на градот ја зачувал својата буржоаска атмосфера, а луѓето од средната класа се населувале околу железничките станици и во периферијата. Версај претставувал модерно предградие на Париз, и бил добро поврзан со центарот на Париз, со неколку железнички линии. Меѓутоа, градот бил многу расцепкан со големи улици, наследени од монархијата, со што оставал впечаток дека тоа се неколку мали гратчина, одделени едно од друго. Версај никогаш не бил индустриски град, иако таму има неколку хемиски фабрики и фабрики за преработка на храна. Во суштина, Версај е место на различни служби, како јавна администрација, туризам, бизнис конгреси и фестивали. Исто така е и значаен воен центар, со неколку единици и школи за обука во базата Сатори, каде што секоја година се организирала воена изложба.


Култура[уреди]

Најголема културна атракција во Версај е Версајскиот дворец и Версајската палата со своите прекрасно декорирани соби и големото историско значење што го има. Градот има и други културни знаменитости како предградие на Париз, има богата артистичка сцена и музички групи како Феникс, Ер и Дафт Панк.

Наводи[уреди]

  1. (French) La Grande Encyclopédie (1902). "Volume 31 (on page 882)". http://gallica.bnf.fr/document?O=N024666. Retrieved 2007-06-20.
  2. a b c d e (French) Cassini Project. "Versailles - Notice communale". http://cassini.ehess.fr/cassini/fr/html/fiche.php?select_resultat=39569. Retrieved 2007-06-20.

Збратимени градови[уреди]

Надворешни врски[уреди]