Лорандит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лорандит
Општо
КатегоријаSulfosalt mineral
ФормулаTlAsS2
Штрунцова класификација2.HD.05
Просторна групаP21/a
Распознавање
Бојацрвена до карминесто црвена, црвеносивкаста
Хабитуспризматски табуларно пругав напореден до [001]
Кристален системмоноклински
Цепливост[100] соввршена, [001] издвоена
Преломшколкест
Цврстина на Мосовата скала2,0–2,5
Сјајподметален – адамантски
Огребцрешово црвен
Проѕирностпотпроѕирен
Специфична тежина5,53
Оптички својствадвоосен (+)
Показател на прекршувањеnα = 2,720
Плеохроизамслаб; Y = виолетово-црвено; Z = поргокалово-црвено
Други особеностиИздрливост: свитлив, образува цепни плочки и влакна
Наводи[1][2][3]

Лорандитталиумово-арсенска сулфосол со хемиска формула TlAsS2. Минералот за првпат е откриен во рудникот Алшар кај Кавадарци во 1894 г. и е наречен по физичарот Лоранд Етвеш од универзитетот во Будимпешта.

За Лорандитот се вели дека има натприородни-неземјени својства. Во Македонија го испитувале и научници од НАСА. Во 1978 година на тајна седница на Владата на СФРЈ е разгледувана можноста за давање на рудникот Алшар на користење на една голема светска сила која лорандитот би го користела за вселенски истражувања. Што е решено на таа седница, не е познато. Многумина научници велат дека со проучување на Лорандитот може да се дојде до толку посакуваната бесплатна енергија која би го сменила распоредот на силите во светов. Некои од истражувачите на оваа чудесна руда тврдат дека токму поради можноста за бесплатна енергија целата оваа работа останува не докрај разјаснета.

Најсигурен, и барем за сега единствен начин да се детектираат сончевите неутрина, а со тоа и да се дознае до која фаза се стигнати процесите во внатрешноста на Сонцето е со помош на ретката руда на талиумот – лорандит, која се наоѓа во рудникот „Алшар“ кај Кавадарци.

Станува збор за многу редок минерал за кој е утврдено дека во целиот свет го има единствено во Македонија или можеби уште на Шри Ланка. Неговата моќ експертите ја гледаат во тоа што единствено тој природен елемент во светот ги препознава реакциите кои доаѓаат директно од јадрото на сонцето.

До црвеникавиот кристален елемент може да се дојде со дупчење на големите камени стени во чија длабочина е скриен. Со процесите на соединување и цепење и цепење на јадрата на елементот се претпоставува дека е можно да се ослободи енергија, која во ерата на сè поголема употреба на алтернативни извори на обновлива енергија е добредојдена.

За лорандитот има и мистични приказни кои се преплетуваат со историјата на Македонија и доаѓаат сè до Античка Македонија и славниот Александар Македонски.

Во битките кои тој ги водел секогаш точно напладне и со движење на војската од запад кон исток се јавувал силен одблесок од штитовите кој ја заслепувал противничката војска. Затоа и не зачудува успехот на фалангата на Александар. Не е случајно ниту тоа што на штитовите на фалангата се наоѓало изгравирано познатото сонце од Кутлеш. Од таму можно е да потекнува и култот на Македонците кон Сонцето.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Anthony, John W.; Bideaux, Richard A.; Bladh, Kenneth W.; Nichols, Monte C. (уред.). „Lorandite“. Handbook of Mineralogy (PDF). 1. Chantilly, VA, US: Mineralogical Society of America. Посетено на 5 декември 2011.
  2. Lorandite. Webmineral
  3. Lorandite. Mindat.org

Надворешни врски[уреди | уреди извор]