Прејди на содржината

Ричард II

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ричард II од Англија)
Ричард II
Richard II of England
Richard II d'Angleterre
Крал на Англија
На престол22 јуни 1377 – 29 септември 1399 (&1000000000000002200000022 години и &1000000000000009900000099 дена)
Крунисување16 јули 1377
ПретходникЕдвард III
НаследникХенри IV
РегентЈован (de facto)
Почивалиште
СопругаАна Бохемска
1382 - 1394
Изабела Валоа
1396 - 1400
ДинастијаДинастија Плантагенет
ТаткоЕдвард Црниот Принц
МајкаЈована Кентска
ПотписРичард II Richard II of England Richard II d'Angleterre's signature

Ричард II (6 јануари 1367 - 14 февруари 1400) бил син на Едвард Црниот Принц и Јована Кентска. Ричард е роден во Бордо и станал наследник на својот татко откако поголемиот брат починал во својата рана возраст. Во 1399 година бил отстранет од престолот, а во 1400 починал.

Рани години

[уреди | уреди извор]

Бидејќи Ричард е роден на Богојавление и бидејќи тројца кралеви присуствувале на неговото раѓање, за него постои легенда според која и покрај тоа што бил втор син, се сметало дека му претстојат големи дела. Тој станал наследник на англискиот престол и бил прогласен за принц на Велс, кога неговиот татко, Црниот принц, починал од болест во 1376 година. Следната година, неговиот дедо Едвард III, исто така починал и Ричард станал владетел на 10 години.

Младиот крал бил воспитуван од сер Симон Барли. Од јуни 1377 до јануари 1380 година Велика Британија била управувана од страна на совети. Иако не бил член на ниту еден од советите, Јован, чичко на Ричард, морал да донесува управувачки одлуки кои биле од особена важност, особено во однос на надворешната политика. Во тоа време избувнало Селанското востание од 1381. Младиот крал морал лично да преговара со Вот Тајлер и другите водачи на востанието. Тој им ветил дека ќе ги помилува сите востаници од бунтот, но тоа ветување не било испочитувано. Така, сите востаници биле заробени и убиени. И покрај тоа, денес се смета дека Ричард не бил благонаклонет кон барањата на бунтовниците и останува нејасно дали ги испланирал сите овие дела или бил принуден од страна на англиските благородници. Како и да било, како резултат на ова, востаниците се распрснале по улиците на Лондон кон своите домови и со тоа се ставило крај на немирите.

Со растењето на младиот крал, сепак, кај него се забележила неспособност да преговара и да прави компромиси - значителни вештини за водење на успешна политика и дипломатија во 14 век. Недостатокот од овие квалитети на крајот довело до неговото детронирање во 1399 година.

На 22 јануари 1383, Ричард II се оженил со Ана Бохемска (позната уште ѝ како Ана Чешка / Ана Луксембуршка), ќерката на Карл IV, светиот римски цар и Елизабета Померанска. Се смета дека Ричард II бил силно приврзан кон својата сопруга, но двајцата немале потомци. Таа починала на 7 јуни 1394 година.

На 31 октомври 1396 Ричард II се оженил со седумгодишната принцеза Изабела Валоа, ќерка на францускиот крал Шарл VI и Изабела, со што се прекинал воениот конфликт со Франција. И овој брак останал без потомци.

Кризата од 1387-1388

[уреди | уреди извор]

Постепено преземајќи го во свои раце управувањето, Ричард II успеал да изолира голем број на истакнати благородници, како Том де Бошамп, Ричард Фицалан и Томас Вудсток. Подоцна, овие благородници придонеле во голема мера за неговото детонирање. Откако го испратил во прогонство легитимниот совет, Ричард II создал нов совет кој бил составен од страна на неговите најголеми приврзаници, како Роберт де Вер и Мишел де ла Пол. Се смета дека кралот имал хомосексуални врски со Роберт де Вер.

Во 1386 година, англискиот парламентпобарал од Ричард II да ги замени поставените од него советници. Тој тоа го одбил, по кое му било наложено дека бидејќи е малолетен, на негово место да управува советот. Ричард II наредил да биде уапсен Графот Аредел. Но малата армија на Ричард, предводена од Роберт де Вер, не успеала да се спречи со противничките сили. Ричард II бил затворен во Лондонската кула. Тој се согласил да го свика парламентот и да се решат барањата на лордовите. Така, во 1388 година голем број на советници биле отстранети од својата должност, а осумина биле осудени за државно предавство и убиени или пак испратени во прогонство. Ричард II бил принуден да ги прифати новите советници и привремено му била одземена власта.

По кризата

[уреди | уреди извор]

Во следните години Ричард II започнал да ги следи стапките на бароните, бидејќи увидел дека тие се опасни дури и за неговиот престол. Откако се вратил на власт во 1389 и дал ветување за подобар развој и подобро управување, Ричард навистина започнал да ги подобрува односите со своите поданици. Во 1390 се одржал турнир по повод неговото полнолетство. Витезите на младиот крал, "Елените", како симбол имале грб кој содржил бел елен. Благодарение на него, Вестминстерската палата добила нов таван. Ричард II бил голем покровител на уметноста, архитектурата и литературата. Но, сепак голем дел од благородниците во Ричард го гледале неспособниот Едвард II, недостоен наследник на Плантагенетската династија.

Во 1397 година Ричард затворил тројца од лордовите под изговор дека организирале заговор. Графот Аредел бил погубен, Ворик бил протеран, а Глостер починал.

Ричард II немал деца и наследник на престолот требало да биде Роџер Мортимер, а по неговата смрт во 1398, наследник станал неговиот седумгодишен син Едмонд Мортимер. Ричард сепак бил загрижен за синот на својот чичко Јован - Хенри Болингбрук, кого го испратил во 10-годишно прогонство во 1399 година.

Ричард II отишол во Ирска за да го задуши востанието кое избувнало од страна на неколку келтски владетели. Ова било искористено од страна на Хенри Болингбрук, оневозможувајќи му да влезе во Лондон. Во 1399 година, од страна на парламентот, Хенри Болингбрук бил прогласен за крал на Англија, под името Хенри IV. Ричард не добил поддршка од страна на населението, па така бил заробен и однесен во затвор. Тој бил убиен во 1400 година, станувајќи првата жртва на т.н. Војна на розите.

Ричард II
Роден(а): 6 јануари 1367 Починал(а): 14 февруари 1400
Владејачки титули
Претходник
Едвард III
Крал на Англија
Владетел на Ирска

25 јануари 1327 – 21 јуни 1377
Наследник
Хенри IV
Претходник
Едвард Црниот Принц
Наследник
Филипа Плантагенетска
Незаземено
Последен владетел
Едвард Црниот Принц
Принц на Велс
1376–1377
Незаземено
Следен носител на титулата
Хенри
подоцна крал Хенри V
Англиско перство Незаземено
Последен владетел
Едвард Црниот Принц
Војвода од Кронвел
1376–1377
Незаземено
Следен носител на титулата
Хенри
подоцна крал Хенри V
Претендентски титули
Претходник
Едвард III
— ТИТУЛАРНО —
Крал на Франција
1377–1399
Наследник
Хенри IV