Роџер Мортимер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Роџер Мортимер
Ерл од Марч
БаронМортимер
Isabella and Roger Mortimer.jpg
Сопружник Јоана
Деца
Маргарита Мортимер
Катерина Мортимер
Беатриса Мортимер
Едмунд Мортимер
Роџер Мортимер
Џефри Мортимер
Јован Мортимер
Агнија Мортимер
Јоана Мортимер
Мауда Мортимер
Изабела Мортимер
Бланка Мортимер
Татко Едмунд Мортимер

Роџер Мортимер (25 април 1287 - 29 ноември 1330) бил англиски благородник.

Во 1322 година бил затворен во Лондонската кула поради учество во бунтот против англискиот крал Едвард II. Тој подоцна успеал да побегне во Франција, каде заедно кралицата Изабела, сопругата на Едвард, му станала љубовница.

Во 1326 година, Изабела заедно со Мортимер ја нападнале Англија. Едвард немал некаква голема подршка за војната, па бил принуден да побегне од Лондон. На 27 октомври Диспенсер бил егзекутиран. По само неколку недели бил заробен и самиот крал Едвард II. По ова следувала абдикција на кралот на 24 јануари 1327 година. Тој бил наследен од страна на Едвард III. Тој бил на 14 години, па со земјата управувале Изабела и Роџер Мортимер.

Кога Едвард III наполнил 17 години успеал да му го одзеде регенството на Мортимер, да го затвори и да го погуби со бесење.