Томас (Прв војвода од Глостер)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Томас
војвода од Глостер и од Омал, Ерл од Есекс и од Бакингем
ThomasWoodstock.jpg
Ерл од Бакингем
Сопружник Елеонора
Деца
Хамфри
Ана
Јоана
Изабела
Филипа
Династија Династија Плантагенет
Татко Едвард III
Мајка Филипа

Томас (7 јануари 1355 - 8 септември 1397) бил тринаесетто дете на англискиот крал Едвард III и кралицата Филипа.

Томас бил роден во Вудстокската палата во Оксфордшир. Во 1376 година се оженил за Елеонора, стекнувајќи се со титулата Ерл од Есекс, како и со титулата Седми Ерл од Херфорд. Нејзината помлада сестра се омажила за идниот Хенри IV. Во следните години тој се стекнал и со титули како Ерл од Бакингем, во 1385 година со Војвода од Омал како и со титулата Војвода од Глостер.

Како ерл од Бакингем, тој командувал со една од најголемите кампањи во тоа време, насочени против Бретања и противниците на Јован IV.

Тој станал лидер во бунтот кој бил организиран од страна на лордовите и моќните аристократи во соборувањето од престолот на кралот Ричард II. Сепак, Ричард по ова бил затворен во Кале каде бил убиен. Ова според некои предизвикало дополнително незадоволство кај англиските благородници.