Јован (Прв војвода од Ланкастер)
| Јован | |
|---|---|
|
|
|
| Наследник | Хенри IV |
| Сопруг | Бланка 1359 - 1369 Констанца 1371 - Катерина 1396 - 1399 |
| Потомци | |
| Филипа Елизабета Хенри IV Катерина Јован Хенри Бофорт Томас Бофорт Јоана Бофорт |
|
| Династија | Династија Плантагенет Династија Ланкастер (основач) |
| Татко | Едвард III |
| Мајка | Филипа де Авен |
| Раѓање | 6 март 1340 Гент, Белгија |
| Смрт | 3 февруари 1399 (возраст: 58 г.) |
| Погреб | Катедрала Свети Павле, Лондон |
Јован (6 март 1340 - 3 февруари 1399) бил војвода од Аквитанија во периодот од 1390 до 1399 како трет син на англискиот крал Едвард III и Филипа.
Познат е под името Јован од Гент, според местото каде бил роден. Во времето кога неговиот малолетен брат бил прогласен за крал на Англија, тој де факто владеел во Англија.
Во 1360 година се оженил со своја роднина од трето колено, Бланка, ќерка на војводата од Ланкастер, По смртта на војводата од Ланкастер, тој ги наследил неговите земји и неговата титула. По смртта на неговата сопруга, тој во 1371 година се омажил за кастилјската инфанта Канстанција. Од тој брак, тој се здобил со титулата крал на Кастилја и Леон. Во 1386 година се обидел да изврши инвазија врз Кастилја, но во тоа не успеел.
Неговите потомци, познати како Ланкастери, опфаќале три кралеви: Хенри IV, Хенри V и Хенри VI. Негвата ќерка, Филипа, станала португалска кралица како сопруга на кралот Јован. Од потомците на Јован подоцна била основена династија Тјудори.
- Родени на 6 март 1340
- Родени во март 1340
- Родени во 1340 година
- Починати на 3 февруари 1399
- Починати во февруари 1399
- Починати во 1399 година
- Династија Ланкастер
- Англиски принцови
- Претенденти за шпанскиот престол
- Војводи од Ланкастер
- Ерлови од Ричмонд
- Витези на Подвеската
- Англичани од француско потекло
- Гент
- Погреби во катедралата Свети Павле (Лондон)