Дунав

Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од Дунав (река))
Прејди на: содржини, барај
Дунав
Donau, Dunaj, Dunărea, Donava, Duna, Дунав, Dunav, Дунáй, Dunay
Река
Дунав во Виена
Земји Германија, Австрија, Словачка, Унгарија, Хрватска, Србија, Бугарија, Молдавија, Украина, Романија
Градови Улм, Инголштат, Регенсбург, Линц, Виена, Братислава, Ѓер, Будимпешта, Вуковар, Нови Сад, Белград, Русе, Дробета Турну-Северин, Орсова, Браила, Галати
Главен извор Брег
 - место Мартинскапеле, Шварцвалд, Германија
 - височина 1.078 м
 - должина
 - координати 48°05′44″ СГШ 8°09′18″ ИГД / 
Спореден извор Бригах
 - местоположба Санкт Георген, Шварцвалд, Германија
 - височина 940 м
 - должина
 - координати 48°06′24″ СГШ 8°16′51″ ИГД / 
Влив на изворите
 - местоположба Донауешинген
 - координати 47°57′03″ СГШ 8°31′13″ ИГД / 
Утока Делта на Дунав
 - координати 45°13′03″ СГШ 29°45′41″ ИГД / 
Должина 2.860 км
Слив 817.000 км²
Истек во пред делтата
 - просечен 6.500 м3
Истек на др. места (просечен)
 - Пасау 580 м3
30км пред градот
 - Виена 1.900 м3
 - Будимпешта 2.350 м3
 - Белград 4.000 м3
Карта на реката Дунав
Карта на реката Дунав

Дунав (гер. Donau, слов. Dunaj, унг. Duna, ром. Dunărea, хрв. Dunav, ср. Дунав, укр. Дунай) e најдолгата река во Европската Унија и втора најдолга европска река (после Волга).

Таа е единствената голема река во Европа, која тече во насока од запад на исток. Извира од планината Шварцвалд (со надморска височина на изворите 1078 метра) во Германија, кадешто две помали реки, Бригах и Брег, се сливаат во селото Донавешинген и оттаму реката се нарекува Дунав. Од тоа место таа тече на југоисток во продолжение на 2859 км, вливајќи се преку делта (која се граничи со Украина) во Црно Море на романска територија.

Поминува низ многу земји од средна и источна Европа: Германија, Австрија, Словачка, Унгарија, Хрватска, Србија, Бугарија, Романија, Молдавија и Украина. Минува низ повеќе главни градови и тоа: Виена, Братислава, Будимпешта, Белград, Букурешт, Кишинев.

При вливот во Црно Море таа се разделува на три ракава – Килиски, Сулински и Георгиевски. Најсеверниот – Килискиот ракав, служи за граница на Романија и Украина. Средниот ракав – Сулинскиот, е најполноводниот и најдлабокиот.

Историја[уреди]

Реката Дунав секогаш била важна врска меѓу Западна Европа и Црно Море. Во III век таа е северна граница на Римската империја (и на латински е наречена Danubius), а тврдините, изградени на бреговете, служеле за заштита од нападите на Готите, Хуните и Словенските племиња. Подоцна Дунав бил пат за достап до Константинопол. Крстоносците ја користеле реката како транспортна артерија за походите до Светите места.

Реката Дунав започнува да се користи како трговска врска во XVIII век. Марија Тереза, императорката на Австрија од Хабсбуршката династија, формира комисија, која го регулира пловењето по реката. Во XIX век Дунав се претвара во важна трговска врска меѓу Западна Европа и земјите од Балканскиот Полуостров.

Притоки[уреди]

Дунав станува пловна река, откако прима многу алпски притоки. Околу 30 од нејзините 300 притоки исто така се пловни. Поважни се: Ин, Морава, Драва, Тиса, Сава и Прут. Длабочината на Дунав на места е повеќе од 30 м. За време на месеците мај и јуни реката е најполноводна. Во зима над реката се образуваат густи и непрогледни магли, а поради ниските температури површинските слоеви замрзнуваат.

Транспорт[уреди]

Реката Дунав е важен меѓународен воден пат. Тој е определен од Европеската Унија за трансевропски транспортен коридор № 7. Тој минува низз 9 држави.

Некои големи градови, кои се расположени на реката, се:

Културно значење[уреди]

На Дунав е посветен познатиот валцер на австрискиот композитор Јохан Штраус, „На убавиот син Дунав“ (An der schönen, blauen Donau). Реката исто така има место и во бугарската историја, во маршот „Тих бел Дунав“.