Гвадалкивир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гвадалкивир
Guadalquivir
Река
Гвадалкивир во Севилја
Потекло на името: од арапскиот поим
ел-вади ел-кабир = „Голема Долина“
Земја Шпанија
Регион Андалузија
Градови Кордоба, Севилја
Извор Кањада де лас Фуентес
 - место пл. Казорла, Кесада, Хаен
Утока Атлантски Океан
 - местоположба Санлукар де Барамеда, Кадиз
 - височина м
 - координати 36°47′ СГШ 6°21′ ЗГД / 
Должина 657 км
Слив 56.978 км²
Истек во Севилја
 - просечен 164,3 м3
Течението на Гвадалкивир
Течението на Гвадалкивир
Портал: Хидрографски сојуз на Гвадалкивир

Гвадалкивир (шпански: Guadalquivir) е петта река по должина на Пиринејскиот Полуостров и втора по должина во рамките на Шпанија. Долга е 657 км, а сливното подрачје зафаќа 58.000 км². Извира во Кањада де лас Фуентес (кај селото Кесада) во планинскиот венец Казорла (Хаен), па тече низ Кордоба и Севилја, а завршува кај рибарското село Бонанза во Санлукар де Барамеда, каде се влева во Кадискиот Залив (Атлантски Океан). Во овој најдолен дел од течението пределите се низински, со значајни мочуришта и се граничи со националниот парк „Доњана“.

Ова е единствената голема пловна река во Шпанија. Денес со брод се стигнува до Севилја, а во римско време се одело сè до Кордоба.

Според историските записи, на устието на Гвадалкивир се наоѓал древниот град Тартес, иако самото место на наоѓање досега не е утврдено.

Етимологија[уреди]

Името на реката доаѓа од арапскиот поим „ел-вади ел-кабир“ (الوادي الكبير), што значи „Голема Долина“. Феникијците реката ја нарекувале „Бајц“, што подоцна преминало во „Бетис“, што останало сè до маварско време. По неа е наречена и римската провинција Хиспанија Бетика. Уште постаро келтиберско име на реката е „Оба“ (Златна).

Притоки[уреди]

Гвадалкивир има поголем број на притоки:

Леви притоки се: Мала Гвадијана, Гвадалбулјон, Гвадахоз, Генил, Корбонес и Гвадајхара.

Десни притоки се: Гвадалимар, Хандула, Јегвас, Гвадалмелјато, Гвадијато, Бембезар, Вијар, Уелва, Гвадијамар

Занимливости[уреди]

„Гвадалкивир“ се нарекувал францускиот брод што го разурнале Гемиџиите на солунското пристаниште што на 28 април 1903 г.[1]

Галерија[уреди]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]