Трстјански Залив

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Трстјански Залив
Golfo di Trieste / Tržaški zaliv / Tršćanski zaljev
NASA7-722-46H-s.jpg
Трстјанскиот Залив и приморјето
Подрачје Европа
Сливни земји Италија, Словенија, Хрватска
Површина &10000000000000550000000550 км²
Прос. длабочина 18.7 м
Макс. длабочина 37.25 км
Зафатнина 9500 км³
Соленост 35-38
Населени места Трст, Копер

Трстјански Залив (италијански: Golfo di Trieste, словенечки: Tržaški zaliv, хрватски: Tršćanski zaljev, германски: Golf von Triest) — мошне плиток залив во Јадранското Море и дел од поголемиот Венецијански Залив на територијата на Италија, Словенија и Хрватска. Од јужната страна се граничи со полуостровот Истра, поделен помеѓу Хрватска и Словенија. Во заливот е сместено целото словенско приморје.

Преглед[уреди]

Заливот е ограничен со замислена линија imaginary од ’ртот Талјаменто на италијанска до местото Савудрија од хрватска страна. Зафаќа површина од околу 550 км², со просечна длабочина од 18,7 м, а максимална од 37 м. Нема острови, со исклучок на малите рамни островчиња што ја штитат Градишката Лагуна. На источниот брег се наоѓаат Трст и областа Приморска, чие подрачје се одликува со понерамен терен.

Морската стрија се движи лева насока, при просечна брзна од 0,8 јазли. Плимата и осеката во заливот се меѓу најголемите на Јадранот, но сепак обично не надминуваат 60 см. Просечната соленоста на водата изнесува 37-38, но лете паѓа и под 35‰.

Помали заливи во Трстјанскиот Залив се Панцанскиот, Милјскиот (Муџански), Коперскиот и Пиранскиот.

Во заливот е сместено сето словенечко приморје, чија должина изнесува 46,6 км.[1] Крајбрежни градови (од исток кон запад) на словенечкото приморје се Копер, Изола и Пиран.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. СловенијаСветска книга на факти на ЦИА (англиски) конс. 12 февруари 2008

Надворешни врски[уреди]