По

Од Википедија — слободната енциклопедија
По
Местоположба
Физички особености
УстиеЈадранско Море
44°58′12″N 12°32′49″E / 44.97000° СГШ; 12.54694° ИГД / 44.97000; 12.54694 (Adriatic Sea-Po)Координати: 44°58′12″N 12°32′49″E / 44.97000° СГШ; 12.54694° ИГД / 44.97000; 12.54694 (Adriatic Sea-Po)
 • надм. вис.
0
Должина652
Особености на сливот
Речното подрачје на По
Стар железен мост на По во Кремона

По или Пад (италијански: Po, латински: Padus или Eridanus) е река што тече на исток преку северниот дел на Италија. Долга е 652 км (или 682 км ако се вброи притоката Мајра) и извира од северозападните падини на планината Монвизо во Котиските Алпи и тече низ устие што навлегува во Јадранското Море кај Венеција. Сливното подрачје пофаќа вкупно 74.000 км2, од кои 70.000 ѝ припаѓаат на Италија. Од подрачјето во Италија, 41.000 км2 се планински, а 29.000 се рамничарски.[1] По е најдолга река во Италија, а во најширокиот дел има пречник од 503 м.[2] Течението го следи 45-тиот северен напоредник.

Реката тече низ разни важни градови како што се Торино, Пјаченца и Ферара. Поврзана е со Милано со мрежа од канали во чие осмислување учествувал Леонардо да Винчи. При крајот на течението, По образува широко устие со стотици мали канали. На јужниот дел до устието се наоѓа местото Комакјо, познато по одгледувањето на јагули. Долината на По влегувала во римската провинција Кисалпска Галија и ја делела на две територијални целини.

По е позната по честите и големи поплави. Затоа денес над половината од течението се регулира со насипи.[2] Наклонот на долината се намалува од 0,35% на запад на 0,14% на исток, што е прилично низок степен. Долж реката има 450 езера.[1]

Притоки[уреди | уреди извор]

Реката По има вкупно 141 притоки.[2] Гледано низводно, тука спаѓаат (Д = десни, Л = леви):

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Раџи, Мери; Давиде Ронки; Лаура Сардонини; Давиде Вјаџи (2007). „Извештај од испитувањето на речното подрачје на По“ (pdf). AquaMoney. Посетено на 6 април 2009.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)[мртва врска] (англиски)
  2. 2,0 2,1 2,2 Zwingle, Erla (2002). „Italy's Реката По со векови носи разорни поплави, но Италијанците на северот упорно ја неговуаат најдолгата земја во реката со нејзините оризови полиња, лозови насади, рибници и легенди“. National Geographic. Архивирано од изворникот на 2007-12-23. Посетено на 6 април 2009. Наводот journal бара |journal= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]