Шпицбершки Острови
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Шпицбершките Острови или Свалбард се група на острови во Северниот Леден Океан, околу 635 km северно од Норвешка, а североисточно од Гренланд. Зафаќаат површина од 62,422 km2, а имаат околу 4,500 жители (главно Норвежани и Руси). Главно место е Лонгјир, важно пристаниште. Останати гратчиња се Грин Харбор и Нов Олесунд. Најголеми острови се Западен Шпицберген и Североисточниот Остров. Климата е арктичка, ублажена со топлата Голфска струја. Средната зимска температура е околу -18°С, а летната околу 6°С. Островите се претежно планински, а најголем врв е Њутновиот Врв, висок 1,717 m; се наоѓаат под многубројни глечери, длабоки фјордови. Богати се со камен јаглен. Од животните ги има белите мечки, ирвасите и поларните лисици.
Со Шпицбершкиот договор од 1920 година е призната сувереноста на Норвешка над архипелагот, кој од 1925 година станува составен дел од Норвешка.
| Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |