Западна полутопка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Западната полутопка на карта на светот, обележана со жолто.
Карта на Западната полутопка

Западната полутопка (или западна Хемисфера[1]) е георгафски поим за една половина од Земјата која се наоѓа западно од нултиот меридијан (кој минува низ Гринич во Лондон). Другата половина се нарекува источна полутопка.[2].

При одредувањето на источна или западна полутопка, потребно е да се избере произволен меридијан и обратен меридијан на другата страна на земјината топка. За оваа цел обично се користи нултиот меридијан (0°) кој минува низ Гринич; this is used to define the Меѓународната датумска граница (наречена „краен меридијан“) на обратната страна на 180° ИГШ. Во потесна географска смисла, во оваа полутопка спаѓаат само континентите на Америка, но во поширока смисла тука влегуваат и западните делови на Европа и Африка, најисточниот врв на Русија, многу територии во Океанија и дел од Антарктикот, но без делот од Алеутските Острови до југозападниот дел на копнена Аљаска. Понекогаш се користат меридијаните 20° ИГД и обратниот 160° ИГД,[3], каде не се вбројува континентална Европа и Африка, мал дел од североисточен Гренланд и повеќе територии во источна Русија и Океанија (на пр. Нов Зеланд).

Наводи[уреди]

  1. „„хемисфера““. „Лексикон на Набу речник“. Набу речник. 2008. http://recnik.nabu.mk/?search=%D1%85%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D1%81%D1%84%D0%B5%D1%80%D0%B0&qe=true. конс. 29 декември 2010.  (македонски)
  2. Географска ширина и должина“ - Енциклопедија Британија. 2006. Chicago: Encyclopædia Britannica, Inc. (англиски)
  3. "Western Hemisphere". Merriam-Webster's Geographical Dictionary, III изд. 2001. Springfield, MA: Merriam-Webster, Inc., стр. 1294.